Природни состојки за отстранување на влакната под пазувите

Природни состојки за отстранување на влакната под пазувите

Многу жени ја одбираат депилацијата како метод за отстранување на несаканите влакна. Но, таа може да ја иритира кожата и да предизвика алергиски реакции кај одредени луѓе. Па зошто да не пробате некои од природните состојки кои ќе ви помогнат во борбата со несаканите влакна?

prirodni-sostojki-za-otstranuvanje-na-vlaknata-pod-pazuvite-kafepauza.mk

1. Млеко и куркума

Измешајте ги млекото и куркумата за да добиете паста. Нанесете ја смесата под вашите пазуви и оставете ја да се исуши. Отстранете ја и исплакнете со студена вода.

2. Смеса со природен восок

Измешајте шеќер, мед и неколку капки лимонов сок и стоплете ја смесата. Нанесете ја на вашите пазуви и користете ленти од платно за да ги отстранете влакната.

3. Пченично брашно и белки од јајца

Направете смеса од состојките и мешајте додека не се изедначи. Нанесете ја на пазувите и отстранете кога ќе се исуши.

4. Пченично брашно и вода од роза

Измешајте ги состојките додека не се изедначат и додајте неколку капки лимонов сок. Нанесете под пазувите и отстранете кога ќе се исуши.

5. Пилинг со леќа

Сомелете 200 грама леќа. Додавајте мед и лимон додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја оваа смеса под пазувите и отстранете после 15-20 минути.

6. Вода и сол

Во топла вода додајте сол. Натопете памукче во водата и нежно масирајте под пазувите. Растот на влакната значително ќе се намали.

7. Интегрално брашно и куркума

Измешајте ги состојките и додајте мед или сусамово масло. Нанесете го на кожата и оставете го околу 30-тина минути да се исуши, а потоа отстранете.

8. Папаја и куркума

Папајата дефинитивно ќе го намали растот на влакната. Направете хомогена смеса од папаја и куркума и нежно масирајте под пазувите. Ако кожата ви е сува може да додадете мед или млеко.

Доколку сепак се одлучивте за депилација, прочитајте ги овие совети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар