Природни начини за побрз раст на косата

Природни начини за побрз раст на косата

Бремена сте или пак сте во менопауза и косата почнува да ви опаѓа? Не грижете се. Секоја трета жена има проблем со брзо опаѓање на косата, додека на секоја втора за време на хормоналниот циклус косата ѝ паѓа многу поинтензивно отколку вообичаено.

Природни начини за побрз раст на косата

Доколку сакате да го поттикнете растот на вашата коса, направете го тоа на природен начин. Различни билки можат да ви помогнат во тоа, но треба да знаете да ги користите. Тие го зголемуваат протокот на крв во главата и го помагаат растот на косата.

Зелен чај

Зелениот чај многу помага при растот на косата, бидејќи содржи голем број антиоксиданси. Можете да го пиете или да го измешате со шампонот, лосионот или со друг препарат за коса.

Компир

Искористете ја водата која ќе ви остане по варењето компири за да ја измиете косата. Потоа убаво исплакнете со шампон.

Масло од семки од грозје

Нанесете топло масло од семки од грозје на кожата на главата, непосредно пред спиење. Ова правете го два-три пати неделно.

Маска од јајца

Измешајте јајце и 50 грама маслиново масло. Смесата нанесете ја на глава и замотајте ја со фолија. Оставете да делува барем еден час. Потоа измијте ја косата со благ шампон и ставете балсам. Ова правете го еднаш неделно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар