Природни лекови за здрави и цврсти нокти
Цврстите и убави нокти се клучни кога станува збор за тоа како изгледаат вашите раце. Сите ние сакаме да користиме лак за нокти со различни дизајни кои привлекуваат внимание, но вистината е дека на долг пат токму тие можат да ги оштетат нашите нокти. Дел од нас се родени со лесно кршливи нокти, додека пак други го немаат овој проблем. Можеби дел од вас забележале дека како поминува времето, така вашите нокти изгледаат сè полошо и токму поради тоа ги криете зад различни видови лакови во боја. Доколку вие припаѓате во онаа група на девојки кои имаат проблем со одржувањето на ноктите, погледнете ги наредниве неколку природни и домашни лекови кои можат брзо да ви помогнат.
Калциум – Најдобриот начин до цврсти нокти. Токму поради тоа голем дел од жените велат дека јогуртот им помага во одржувањето на нивните нокти. Обидете се да пиете јогурт секое утро и не само што ќе ја подобрите цврстината на вашите нокти, туку ќе го подобрите и здравјето на вашето тело.
Масирајте ги ноктите – На овој начин ќе ја подобрите циркулацијата на крвта и ќе им овозможите на вашите нокти поздраво да растат.
Држете се настрана од акрилни додатоци за нокти – Ова е најдобриот совет кој можете да го добиете за вашите нокти. Некои жени одат и по 2 пати месечно за надградба на ноктите, но со тоа не го решаваат проблемот, туку баш напротив, само го прикриваат и уште повеќе го нарушуваат здравјето на своите нокти.
Одржувајте ги вашите нокти хидрирани – Ова можете да го постигнете со маслиново масло. Едноставно потопувајте ги вашите нокти во него и очекувајте набрзо тие да станат многу посилни и да пораснат многу подолги.
Пијте многу вода – Водата е одговорот на многу лоши функции во вашето тело, а кога станува збор за послаби нокти, најчесто проблемот се наоѓа во недостатокот на вода и витамини.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.