Природен регенератор за јакнење и побрз раст на ноктите. Брзо, лесно и ефикасно!

Природен регенератор за јакнење и побрз раст на ноктите. Брзо, лесно и ефикасно!

Ако имате голема желба да имате долги и убави нокти, а не сте љубител на надградувањето, не ви преостанува ништо друго освен да ги израснете вашите. Може да користите многу додатоци во исхраната кои овозможуваат побрз раст на ноктите и косата, разни витамини и природни маски против листање на ноктите. Доколку сакате да видите брзи резултати, испробајте го следниов совет и гледајте како вашите нокти растат.

1-priroden-regenerator-za-jaknenje-i-pobrz-rast-na-noktite-brzo-lesno-i-efikasno-www.kafepauza.mk_

Сè што треба да направите е да истолчите неколку чешниња лук и да ги истриете ноктите. Држете ги така околу половина час, а потоa измијте ги рацете. За полесно да се ослободите од мирисот, ставете малку лимон и истријте ги рацете. Овој популарен зеленчук ги зајакнува ноктите.

Доколку не ви се допаѓа овој начин, тогаш слободно испробајте го регенераторот за јакнење и побрз раст на ноктите од лук.

Исецекјате на ситни парчиња едно чешне лук и ставете го во безбоен лак. Оставете го да отстои 48 часа. Секој втор ден премачкувајте ги ноктите. Не бришете ги слоевите 4-5 пати. После петтиот пат, избришете ги и премачкајте ги повторно. За краток временски период (2-3 недели) ќе бидете воодушевени. Ќе имате цврсти нокти кои повеќе нема да се листаат.

Рецептот е проверен, малку има интензивен мирис поради лукот, но многу брзо исчезнува. Па, нека тоа не ве спречи за на природен начин да добиете убави, сјајни и цврсти нокти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар