Природен пилинг за тело со морска сол
Сувата кожа е најчест проблем на сите жени, со кој сите особено се сретнуваат во ладните зимски денови. Иако хидратацијата е многу важна за здрава и убава кожа, пред нанесувањето на хидратантен лосион или крема за тело, подеднакво е важно да ги отстраните изумрените клетки од кожата. Направете го овој многу едноставен пилинг за тело и спречете ги проблемите со кожата.
За овој делотворен пилинг потребна ви е само една шака морска сол. Така, следниот пат кога ќе се туширате, морската сол помешајте ја со гелот за туширање кој најчесто го користите и масирајте ја кожата со нежни движења. Убаво исплакнете ја кожата од солта и по туширањето задолжително нанесете хидратантен лосион за тело.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.