Претходно
Природен лек за ослободување од настинките и вирусите
Неприродно високите температури за овој период од годината, покрај главоболките и постојаната поспаност, донесоа и бројни вируси кои ги воспалуваат синусите, создаваат кашлица и доведуваат до целокупен пад на имунитетот. Доколку сакате на здрав и природен начин да го зајакнете телото и да ги победите настинката и вирусот, можете да го пробате овој едноставен рецепт.
Потребни состојки:
- 6 лимони
- 1 поголем лук
- 2 лажички ѓумбир во прав
- 2 лажички мед
- 3 шолји сок од ананас
- ¼ црвен лут пипер во прав
Начин на подготовка:
- Исцедете ги лимоните и сокот ставете го во блендер.
- Додадете ги сите останати состојки и миксајте додека не добиете хомогена течност.
- Добиениот пијалак складирајте го во стаклено шише во ладилник и секој ден пијте по 4 помали чаши додека симптомите од настинката не исчезнат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Mhhhh mislam eka ste vo pravo avtore***********