Природен лек за најстарата болест на светот
Гихт е воспаление на зглобовите кое на народот му е познато како најстарата болест на светот – постоењето на овој вид артритис е забележано уште во времето на древен Египет. Станува збор за воспаление проследено со силна болка, црвенило и отекување предизвикани од насобирање на мокрачната киселина. Таа најчесто се исфрла од телото преку урината, но ако во организмот постои зголемена количина од оваа киселина, или пак бубрезите не ја елиминираат правилно, тогаш доаѓа до нејзино кристализирање. Овие остри кристали се насобираат во зглобовите, најчесто во стапалата и создаваат силна болка.
Постојат повеќе лекови кои можат да ви помогнат да се справите со оваа непријатна состојба, но доколку сте од оние личности кои преферираат природна алтернатива, ви препорачуваме рецепт од само 4 состојки со кој успешно ќе се изборите со гихтот.
Потребни состојки:
- Шака стебла од целер (не ги вклучувајте коренот и лисјата)
- 1 парче свеж ѓумбир (со големина од 2 до 3 сантиметри)
- Половина свежа краставица со средна големина
- Сок од половина лимон, по желба
Начин на подготовка:
Ситно исечкајте го целерот, ѓумбирот и краставиците, а потоа ставете ги во блендер и добро измешајте. Откако ќе завршите, сипете ја мешавината во чаша и додајте го сокот од лимон. Испијте ја оваа напивка веднаш, бидејќи најдобро делува додека е свежа.