Природен еликсир за подобро здравје

Природен еликсир за подобро здравје

Ако сте малаксани и чувствувате умор, треба да ја проверите крвната слика. Но, пред да појдете на лекар, обидете се да го подобрите своето општо здравје на природен начин. Овој напиток ќе ја подобри и вашата крвна слика.

Природен еликсир за подобро здравје

Потребни состојки:
  • 1 кг цвекло
  • ½ килограм моркови
  • 1 лимон
  • 2-3 портокали
  • 2 кисели јаболка
  • 1 тегла мед
Начин на подготовка:

Цвеклото, морковите и јаболката најпрво излупете ги, исечкајте ги на мали парчиња, ставете ги во соковник и направете сок. Лимонот и портокалите исцедете ги и помешајте ја оваа течност со претходно добиената. На крај додадете цела тегла мед, најдобро ливадски, бидејќи тој има најмногу лековити својства.

Сето тоа добро измешајте го за да се растопи медот и да се соедини убаво со сокот. Количината на портокалите може и да се зголеми, бидејќи тие главно се додаваат заради мирис и вкус.

Готовиот сируп сипете го во стаклено шише. Се добива околу литар и пол до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена.

Пијте од сирупот секое утро на празен стомак, сѐ додека не ја испиете целата количина.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар