Применете ги овие совети откако ќе се разбудите и имајте убав ден, цел ден
Секое утро е иста рутина: отворање очи, станување, механичко движење до тоалетот, облекување и излегување. Не е чудно што не сте полни со енергија и не функционирате најдобро. Најтажно е што морате да соберите сили за да им се насмевнете на колегите кога конечно ќе стигнете на работа. Важно е да се чувствувате убаво уште од раните утра, а овие 14 совети навистина можат многу да ви помогнат.
1. Запишувајте кратки забелешки во дневник
Тивките утра се одлично време за запишување мисли и раскажување убави моменти. Искористете го времето во кревет за да запишете некоја убава случка или едноставно да „кажете“ што ви лежи на срцето. Дури и да биде навистина малку или едноставно, сепак тоа многу ќе ви го подобри денот.
2. Ослободете се од непотребен предмет
Исчистете ја куќата или плакарот. Фрлањето непотребен предмет е многу корисно бидејќи создава чувство на олеснување и хармонија. Сепак, предметот мора да биде навистина непотребен и неупотреблив бидејќи на крајот би можеле сѐ да фрлите.
3. Медитирајте
Посветете само 10 минути од вашето скапоцено време на медитацијата. Иако мозокот доволно добро се справува со проблемите, тој е способен и за да ги направи. Медитацијата го контролира мозокот и го спречува во создавање на понатамошни проблеми. Ова е една од најважните навики бидејќи освен што го скротувате вашиот мозок, му посветувате внимание и го држите активен, медитацијата прави да се чувствувате одлично.
4. Со вежбање утрата се поубави
При вежбање телото работи по истиот принцип како батеријата: нејзино тресење доведува до создавање на уште повеќе енергија. Создадената енергија се складира во телото и потоа се користи по потреба. Исто така, се создава ендорфин, односно хормонот кој е задолжен за вашата среќа.
5. Мислете на саканата личност
Со самата помисла на драга личност насмевката автоматски се појавува на вашето лице. А таа помисла може цел ден да ве држи насмеани, па дури може и личноста повеќе да ја приближи кон вас.
6. Употребувајте „благодарам“
Зборот „благодарам“ е често потценет. Нормално дека е тешко да го пронајдете вистинскиот човек кој го заслужува вашето заблагодарување. А ако не го пронајдете, земете го пенкалото и напишете писмо за благодарност. Нема потреба да го испраќате, оставете го на масата. Заблагодарувањето наутро ги зголемува шансите за убави можности за во иднината.
7. Научете нов збор
Убаво е ако учите некој странски јазик. Подеднакво добро е и ако научите нов збор на мајчиниот. Зборот може да се сретне во списание, на интернет или при обичен разговор. Вечерта пред да си легнете можете да побарате некој интересен збор. Учењето нови зборови го стимулира мозокот и е забавно.
8. Замислете 3 моменти од денот којшто доаѓа
Ова е многу моќна вежба затоа што она што ќе го замислите неретко и се исполнува. А ако се замислете себеси каде што го правите тоа шансите да се случи се уште поголеми. А тоа има големи придобивки за вашето здравје и среќа.
9. Прошетајте
Чистиот воздух наутро може значајно да ви го подобри денот. Барем на кратко заборавете на грижите, негативните мисли и работните обврски. Прошетката низ населбата или паркот ќе ве релаксира и смири.
10. Една чаша природен сок
Наместо појадок, испијте една чаша сок. Така ќе бидете доволно свежи и спремни за да го почнете денот. Експериментирајте со вкусовите додека го пронајдете оној кој најмногу ви се допаѓа. Една од најубавите варијанти е мешавина од јаболко и портокал. Дури би можеле и утринското кафе да го замените со чаша свеж сок ако сте поавантуристички тип.
11. Милување со домашното галениче или партнерот
Постои едно истражување кое тврди дека потребни ни се најмалку 8 прегратки дневно за да можеме нормално да функционираме на емоционална база. Зошто да не го започнете денот со искажување љубов кон партнерот? А, ако немате партнер, домашните галеничиња се одлична алтернатива. Во случај да имате животинче кое не би можеле да го галите, тогаш зборувајте му нежно. И животните ја заслужуваат нашата љубов.
12. Ладен туш
Ладниот туш е одлична идеја рано наутро. Aко ви се допаѓа, можете да направите и комбинација од топла и ладна вода која што ја забрзува циркулацијата. Туширањето на сабајле не само што го прочистува телото туку и внесува чувство на свежина. Овој совет одлично оди со четвртиот и деветтиот од листава.
13. Избегнувајте читање/гледање вести
Во последно време, медиумското присуство драстично се зголеми. Но за жал, не се работи само за информирање на важни новости туку и за ширење несигурност, страв и импулсивно купување работи кои воопшто не ни се потребни. Вестите повеќе не се само за известување. Сега најважен е рејтингот. Затоа избегнувајте ги колку што можете. Денот ќе ви биде многу поубав.
14. Насмејте се
Смеењето е втората најдобра работа што можете да ја правите со усните. Утринската смеа ќе ви донесе смиреност и ќе ве исполни со позитивна енергија. Насмевката е знак дека сте отворени, релаксирани и спремни за интеракција со луѓето. Затоа погледнете се во огледало и насмејте се.