Пријателство на далечина: 6 начини да го зачувате и покрај километрите помеѓу вас

Пријателство на далечина: 6 начини да го зачувате и покрај километрите помеѓу вас

Во некоја етапа од животот, сите барем еднаш се одделуваме од најблиските. Без разлика дали станува збор за заминување поради школување или едноставно ни се укажала можност да заминеме, факт е дека збогувањата се една од најтешките работи со кои се соочуваме. Но, заминувањето во друг град/држава не значи и крај на пријателство. Токму во таквите моменти всушност гледаме колку пријателството е силно и вистинско. Ако вашето пријателство ги издржи ваквите моменти, тогаш вие сте спремни на сѐ. Затоа не очајувате и погледнете ги нашите 6 совети кои ќе ви помогнат да го пребродите ваквиот тежок период.

0-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mk

1. Прескокнете ги социјалните мрежи

Сите сме сведоци на преголемите изливи на љубов по социјалните мрежи и вистината е дека на сите ни е смачено од тоа. Еден пост до два на нивниот ѕид е сосема доволно, но повеќе од тоа е веќе смешно и апсурдно. Потпирањето на социјалните медиуми не е добра идеја ако сакате да го зачувате вашиот досегашен однос. Мора да се потрудите малку повеќе. Затоа, следниот пат кога ќе посакате да ретвитнете/објавите нешто од нив на социјалните мрежи, подобро пишете им порака или свретете им и потсетете се на вашите долги разговори.

2. Патувајте заедно

Ако едната страна не е во можност да дојде во родниот град на другата, консултирајте се со мапата и роковникот за да видите кога сте слободни и испланирајте мало патување.

1-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mk

3. Праќајте им видеа

Иако телефонските повици се секогаш добра опција, искористете ги можностите кои ни ги нуди 21-от век – направете кратко видео во кое ќе им кажете сѐ што сакате да им кажете. Снимете го новото место на живеење или пак некоја слатка порака. Направете да се чувствуваат како да се сѐ уште дел од вашиот живот, иако не учествуваат активно во него. А, добра идеја се и редовните видео разговори преку Скајп.

4. Направете да се чувствуваат дека ви се потребни

Ако не излегувате заедно и не се дружите како порано, многу лесно може да се почувствуваат дека не ви се потребни и дека можете целосно добро да функционирате и без нив. Избришете ја таквата можност така што ќе ги потсетите дека ништо не е променато. Сѐ уште прво јавувајте им ним кога ќе запознаете интересно/а момче/девојка, прашувајте ги за совет и обраќајте им се кога ви е лошо, кога ви е потребно тешење и рамо за плачење.

2-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mk

5. Изненадете ги

Испратете им разгледница од новото место на живеење или рачно напишано писмо. Тоа сигурно позитивно ќе ги изненади. Замислете или потсетете се како изгледаат работите во врска на далечина. Исто како и љубовната врска, и на пријателите им е потребно внимание, љубов и поддршка. Покажете им дека сѐ уште ви значат.

6. Размислете за имејл

Некои луѓе едноставно не се луѓе кои веднаш ќе кренат слушалка и ќе речат „ми недостасуваш“. Затоа, ако на пример имате многу за кажување, одвојте се од ТВ екранот и напишете им имејл после напорниот работен/училиштен ден. Раскажете им за сѐ што ви се случува во животот, од работните/училишните обврски до тоа како се релаксирате. Дури, после ова, постои можност да бидете поблиски со нив од кога било порано.

3-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар