Придобивките од зелениот чај за вашата убавина

Придобивките од зелениот чај за вашата убавина

Здравствените придобивки од зелениот чај на сите ни се добро познати. Но, дали знаете колку тој може да придонесе за вашата убавина?

Придобивките од зелениот чај за вашата убавина

1. Ефект на антистареење

Зелениот чај изобилува со антиоксиданси кои го забрзуваат процесот на обновување на ќелиите на кожата. Како резултат на тоа вашата кожа ќе изгледа помладо и поцврсто од претходно. Овој чај ја забавува појавата на брчки и ги елиминира темните дамки од кожата.

2. Заштита од акни

Акните често настануваат поради токсините кои се наоѓаат под површината на кожата. Поради високото ниво на антиоксиданси, зелениот чај делува како природно детоксификационо средство, а со самото тоа се намалува појавата на акни и тие побрзо исчезнуваат.

3. Заштита од сонце

Консумирањето на зелен чај ја штити кожата од штетните сончеви зраци, а го спречува и појавувањето на изгореници и рак на кожата.

4. Губење килограми

Зелениот чај го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето на храната. Токму поради тоа, овој напиток е ефикасно средство во борбата против непотребните килограми.

5. Опаѓање на косата

Губењето на косата е хроничен проблем поврзан со модерниот начин на живеење. За да се решите од овој проблем, редовно консумирајте зелен чај, бидејќи тој ги стимулира фоликулите и го зајакнува коренот на косата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. kiki Reply

    Dali mozi da mi kazite od koj zelen caj ima najmnogu rezultati na primer od alkaloid,franck i red drugi ako znaete pisete pozsdrav!!!!!!!!

Остави коментар