Придобивките од овошјето за вашата кожа и коса
Овошјата отсекогаш се сметале за добар извор на витамини. Дури и во некои салони за убавина има понуди со овошни пакети кои служат за негување, зацврстување и освежување на кожата на лицето преку отстранување на мртвите клетки и нејзино прочистување. Но, не секогаш имаме можност да одиме во овие салони и да уживаме во нивните услуги. Поради тоа, погледнете ги наредниве совети со кои без воопшто да излезете од вашиот дом можете да ја искусите придобивката од различните видови овошја на вашата кожа и коса.
Банана – Таа е богата со калиум и содржи витамини Б и Ц кои се навистина добри за вашата кожа. Калиумот помага при омекнувањето на кожата, а истовремено ја тонира и затега. Направете каша од банана, која потоа ќе ја нанесете на вашата кожа исто како што би нанеле маска за лице.
Јаболки – Тие се одлични антиоксиданси и брилијантни тонери на кожата кои ја стимулираат циркулацијата на крвта и ја затегнуваат кожата. Можете да нанесувате секојдневно свеж џус или каша од јаболка. Јаболковиот оцет исто така е од голема корист за вашата коса, бидејќи помага при проблеми со првутот.
Папаја – Таа содржи ензим наречен папаин кој е многу корисен при отстранување на мртвите клетки од кожата. Папајата е одлична за оние луѓе кои имаат потемна боја на лицето, бидејќи ја освежува и осветлува кожата ако ја нанесувате редовно. Можете да направите каша од папаја и да го масирате лицето со неа, или пак да направите мешавина со други додатоци како овесни снегулки или мед за да направите маска за лице.
Портокали – Тие се одличен извор на витамин Ц и се однесуваат како брилијантни прочистувачи на кожата. Исто така со нив можете да ја осветлите и затегнете вашата кожа. Со помош на масирање со кората од портокал или лимон можете да ја отстраните нерамномерната боја на вашето лице.
Грејпфрут – Тој е многу корисен за масна кожа која е склона на акни така што помага при намалување на маснотиите и тонирањето. Има одличен тонирачки и освежувачки ефект на вашата коса, а не може да се занемари и фактот дека длабински ја прочистува. Направете каша од грејпфрут, нанесете ја на вашето лице, почекајте да се исуши и потоа измијте го. Резултатите скоро инстантно се забележуваат.
Ова се само мал дел од овошјата кои можете да ги нанесувате на вашата кожа и коса за освежување и враќање на нивниот природен шарм и сјај. Секако постојат многу повеќе кои можат да направат чуда како на пример, манго, јагоди, цреши, лубеница и калинки. Принципот на нанесувањето горе-долу е сличен, сè што е потребно е само да ги употребувате според вашата комоција и нивната достапност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.