Преживеавте неверство? Еве што треба сега да направите!
Нормално е да се чувствувате повредено ако ве изневерил мажот, но тоа не значи дека од таа ситуација треба да излезете како губитник. Никому не му е лесно да преживее прељуба, а особено не на оние во брак. Многу жени се обвинуваат себеси, размислуваат што би можеле да направат поинаку, зошто воопшто тоа се случило, но и ја мразат личноста со која партнерот ги изневерил.
1. Престанете да се обвинувате
Не, не е ваша вина што вашиот партнер ве изневерувал, а ако ја продолжил врската со личноста со која ве изневерил, тогаш неговата вина е уште поголема. Сфатете дека не сте вие виновни, не постои ниедна добра причина за изневерување.
2. Прифатите дека вашиот брак е готов
Штом ќе одлучите да се разведете поради прељуба, прифатете го тоа. Покренете постапка за развод, преселете се и ангажирајте адвокат. Престанете да се карате – после сè сигурно не останало ништо за што вреди да се расправате.
3. Престанете да трошете енергија на омраза
Нема потреба да трошите енергија и нерви на споредување со неа, не вреди толку, а и сигурно нема да се чувствувате подобро.
4. Простете му
Опростувањето е следниот чекор за да можете да продолжите понатака, но не и да му дозволите да ве изигра. Можеби ќе поминат години додека да му простите, по што можеби и ќе почнете нормално да разговарате, а можеби тоа ќе го направите по само еден месец. Секако дека треба да размислите за простување. Не бидете злопамтило. Опростувањето само значи дека тој повеќе не може да ве повреди затоа што вам не ви е грижа.
5. Не им кажувајте на децата
Колку и да сте повредени, не им кажувајте на децата. Така само ќе ги воведете во вашите проблеми, а тие тоа не го заслужуваат затоа што се деца.
6. Немојте да се изолирате
Ова е нешто низ кое не треба да поминувате сами. Ако ви е тешко, побарајте психолог, а и пријателите се секогаш добредојдени.
7. Одново пронајдете се себеси
Кога ќе почнете да се чувствувате лошо и мизерно, сетете се колку прекрасна личност бевте и сѐ уште сте. Почнете да се занимавате со некој спорт, најдете хоби, ангажирајте се во заедницата, пронајдете нешто во што сте добри и повторно чувствувајте се одлично.
8. Не дозволувајте да ви ја украде радоста
Знаете како велат, „најдобра одмазда е успехот“ и тоа е стопроцентна вистина. Луѓето кои изневеруваат сакаат да ви покажат колку им е убав животот сега, но всушност бараат оправдување за своите постапки. Игнорирајте ги. Бидете свои и не дозволувајте да влијаат на вас.