Превкусни брускети со домати и босилек
Брускетата е популарна италијанска закуска, која ќе ја обожавате
Потребни состојки:
- ½ француски багет
- 3 домати
- чешне лук
- 10 г кромид
- 5-6 ливчиња босилек
- 1 лажичка оригано
- 2 лажици маслиново масло
- сол и бибер
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Тавчето за печење обложете го со алуминиумска фолија. Доматите, лукот, кромидот и едно ливче босилек исечкајте ги на ситно и измешајте ги во еден сад. Потоа додадете сол, бибер и оригано по желба и полијте ги состојките со маслиново масло. Покријте го садот и оставете го 10 минути да отстои.
Во меѓувреме багетот исечете го на тенки парчиња. Ставете малку маслиново масло на двете страни од лепчето и наредете ги во тавата. Печете ги 10 минути, додека не добијат светло кафена боја и додека не станат крцкави.
Потоа, додека се топли, врз нив додадете од смесата од зеленчук и по некое ливче босилок.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.