Превкусни брускети со чери домати и моцарела
Предјадење од кое ќе ги лижете прстите…Потребни состојки:
- 1 багет
- 120 г моцарела
- 3 лажици маслиново масло
- 300 г чери домати
- 1 лажиче балсамико
- 1 чешне лук, ситно исечкано
- сол
- бибер
- неколку ливчиња босилек
Начин на подготовка: Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Земете една тава и врз неа постелете парче хартија за печење.
Багетот исечете го на тенки парчиња и наредете ги врз хартијата. Врз нив нанесете 2 лажици од маслиновото масло и ставете ги да се печат во рерна 8-10 минути, за да добијат убава кафена боја.
Потоа врз секое лепче ставете по едно парче моцарела и ставете ги повторно во рерна 3-4 минути за моцарелата убаво да се стопи.
Во голем сад, ставете ги чери доматите, претходно исечени на половина, остатокот од маслиновото масло, балсамико оцетот, лукот, сол и бибер и убаво измешајте.
Врз секое лепче ставете од смесата од садот и декорирајте со ливче босилек.
Јадете ги веднаш.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.