Превкусна: Рецепт за чоколадна торта без јајца која за миг ќе ви го подобри расположението!

Превкусна: Рецепт за чоколадна торта без јајца која за миг ќе ви го подобри расположението!

Луда торта или „депресивна торта“ е познат американски рецепт за торта без јајца, а во некои рецепти и без млеко. Токму поради тоа што не бара многу состојки, овој рецепт се поврзува со периодот на Големата депресија односно големата економска криза која ги зафатила речиси сите западноевропски и северноамерикански држави во раните 1930-ти.

Превкусна: Рецепт за чоколадна торта без јајца која за миг ќе ви го подобри расположението!

Потребни состојки:

  • 187 грама брашно
  • 200 грама шеќер
  • 30 грама какао во прав
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка бел оцет
  • ⅓ чаша растително масло
  • 237 милилитри вода

Потребни состојки за глазура:

  • 3 лажици омекнат путер
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 125 грама шеќер во прав
  • 3 лажици полномасно млеко или павлака

Начин на подготовка:

1. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, какаото во прав, солта и сода бикарбона.

2. Додадете ванила, оцет, масло и вода и изматете ги состојките со миксер за целосно да се соединат.

3. Истурете ја смесата во подготвениот (подмачкан или обложен со хартија за печење) сад за печење и печете 30-35 минути.

4. За глазурата измешајте омекнат путер, какао, мед, ванила и шеќер во прав.

5. Мешајте на мала брзина околу 30 секунди. Полека додавајте го млекото, по една лажица, додека не ја постигнете саканата конзистентност. Можеби ќе ви треба уште една лажица. Премачкајте го изладениот колач со добиената смеса. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусна и брза торта за која ви се потребни само 3 состојки.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар