Превкусен полнет леб

Превкусен полнет леб

Одличен додаток за секој ручек

Превкусен полнет леб

Потребни состојки:
  • 1 леб
  • 1 путер, стопен
  • 25 мл маслиново масло
  • 3 лажици исечкан кромид
  • 2-3 чешниња лук, исечкани
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица семе од афион (мак)
  • 3 лажички исечкан магдонос
  • 350 грама кашкавал
Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени.

2. Измешајте ги путерот, маслиновото масло, кромидот, лукот, сенфот, афионовото семе и магдоносот.

3. Лебот исечкајте го во баклави без да стигнете до дното.

Превкусен полнет леб

4. Потоа почнете внимателно да ја сипувате смесата во просторот помеѓу баклавите. Најубаво е да користите голема лажица додека го правите ова. На крајот, одозгора ставете по едно парче кашкавал.

5. Целиот леб замотајте го во фолија и убаво затворете ги страниците. Печете го лебот 15 до 20 минути. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 10 минути.

Превкусен полнет леб

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар