Претворете ја вашата бања во спа-центар

Претворете ја вашата бања во спа-центар

Замислете како се релаксирате во голема када, опкружени со безброј меурчиња кои нежно ве скокоткаат и ароматични свеќи кои треперат во позадина. Ахх… На сите нас ни е потребен излез од реалноста одвреме-навреме нели?! Немојте да се откажувате од реализацијата на идејава, само затоа што поминувањето еден ден во спа-центар ќе ве чини многу пари. Наместо тоа, претворете ја вашата бања во место во кое ќе можете да се повлечете од секојдневниот стрес, а тоа задоволство ќе ве чини помалку отколку што мислите. Пробајте ги следниве идеи со кои ќе ја трансформирате бањата во ваша приватна оаза.
Претворете ја вашата бања во спа центар

Вистински избор на светлина

Пронаоѓање соодветен избор на светлина за вашата бања може да биде комплицирано. Тоа е така бидејќи потребен ви е различен вид светлина за да ги задоволите сите ваши секојдневни потреби во тоалетот. Кога миете заби, ја средувате вашата коса, се шминкате или бричите, потребна ви е силна светлина, но кога ќе одлучите да се релаксирате во вашата миризлива топла бања, сакате да имате можност да ја минимизирате светлоста за максимално уживање. Евтин начин да ја прилагодувате светлината во вашата бања според соодветната потреба е потенциометарот, кој е лесен за инсталирање, а можете да го најдете во продавниците за електротехника, за бела техника и на пазарите.

Претворете ја вашата бања во спа центар

Чист и организиран простор

Несредената бања го стеснува просторот, па затоа сведете го на минимум нередот предизвикан од употребата на средствата за лична хигиена. Приберете ја козметиката, четките за коса, за заби и сè останато во шкафче, на полици или во несесери. Ефектот од чистиот и уреден простор, ќе ви помогне да се ослободите од грижите и да заборавите на секојдневните обврски околу домот.

Претворете ја вашата бања во спа центар

Разгалете се

Ништо не може да се спореди со нежното чувство кога ќе се замотате во голем, луксузен спа-пешкир. Одберете мек и апсорбирачки пешкир со големи димензии, за да се обвиете целосно кога ќе излезете од кадата.

Претворете ја вашата бања во спа центар

Заштитете ги вашите стапала

Ништо нема повеќе да ве потресе и врати назад во реалноста, од чувството кога ќе излезете од жешката ароматизирана када и со вашите стоплени стапала ќе стапнете на студените плочки. За да не се случи тоа, потребна ви е простирка за тоалет, која ќе биде доволно долга за да можете да се движите низ просторот, без да морате да стапнете на студениот под.

Претворете ја вашата бања во спа центар

Создадете спа-атмосфера

Со соодветни додатоци, направете да се чувствувате како во спа-центар во вашата бања. Свеќи кои ќе треперат во позадина, мирна музика, миризливи стапчиња и специјална купка за опуштање на мускулите и подобрување на циркулацијата, ќе ви овозможи да заборавите за момент, на сето она кое што секојдневно ви ги окупира мислите, а ќе ве опушти доволно за да бидете подготвени за сето она кое следува. Ароматерапевтски купки, миризливи бомби, морска сол и сè што ви е потребно за совршена релаксација во вашата бања, можете да најдете низ специјализираните продавници за овој тип продукти.

Претворете ја вашата бања во спа центар

Поврзете се со природата

Спа-центрите се опколени со природни елементи како камења, вода која мирно тече и растенија, кои даваат смирувачки ефект. За да се чувствувате слично како да сте таму, донесете неколку саксии со цвеќиња во вашата бања. Плус, растенијата често успеваат да се развијат во бањата, благодарение на високиот степен на влага во воздухот.

Претворете ја вашата бања во спа центар

Визуелно проширете го просторот

Секој кој има мала бања знае дека нема многу што да се направи за таа да изгледа поголема, без да се потроши огромна сума пари за реновирање. Но, затоа можете да направите просторот да изгледа попростран со алтернатива која можете финансиски да си ја дозволите. Закачете големи огледала, за да создадете илузија дека просторот не е толку мал.

Претворете ја вашата бања во спа центар

Освежете го просторот со нова боја

Најдобар начин да и дадете на вашата бања нов изглед, е да ја освежите со бојадисување во нова боја. Со само 1-2 кантички боја и неколку часа работа, можете да ја уредите бањата од вашите соништа. Обојте ја во бела боја за чувство на чистота, свежина и пространост или пак елегантна неутрална боја, за да постигнете „природен“ ефект.
Претворете ја вашата бања во спа центар
Доколку овој текст ве поттикна да размислувате за модерно преуредување на вашата бања во тренди бои, погледнете ги нашите предлог-идеи за инспирација.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар