Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно место

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно место

Вашето работно место би требало да биде простор кој ќе ве исполнува со инспирација и каде што ќе бидете најпродуктивни. Многу често, луѓето работат во неинспиративна и безживотна околина која само ја замаглува нивната креативност. Прочитајте ги наредниве совети кои ќе ви покажат како да го смените вашиот работен простор со цел да извлечете колку што е можно повеќе креативност од него во вашата работа.

Дознајте како најдобро работите

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоЕден од наједноставните и најлесните начини да создадете креативен работен простор е ако се познавате себе. На пример, дали подобро работите во гласна или во тивка атмосфера? Дали преферирате да работите во поладна или во потопла просторија? Ова е многу важно да се запомни, бидејќи кога ќе го организирате вашиот работен простор, тој треба да биде дизајниран според вас и вашите потреби. Токму поради тоа, пред да започнете составете една листа со оние нешта кои ги сакате и кои не ги сакате и употребете ја како основа при организацијата на вашиот работен простор.

Обезбедете доволно светлина

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоДоколку поминувате 8 или повеќе часа дневно работејќи во темна и неинспирирачка канцеларија, на крајот од денот може да се почувствувате токму така – темно и без инспирација. Светлите и проветрени работни простории се најдобар начин да се инспирирате и токму поради тоа обидете се да внесете што е можно повеќе природна светлина во вашата канцеларија.

Поставете го вашето работно биро покрај прозорот за да се осигурате дека ќе добиете онолку светлина колку што ви е потребно. Но, кога ќе го правите тоа, имајте го предвид и компјутерот бидејќи ако не го поставите добро ќе завршите со здодевна и иритирачка светлина која удира директно во мониторот.

Организирајте се

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоПостои една изрека која вели: „Средено биро значи среден ум“. Одржувајте ја вашата работна маса средена така што ќе инвестирате во различни видови прегради во кои ќе ги наместите сите оние нешта кои ви стојат расфрлани насекаде. Вашата канцеларија веднаш ќе почне да изгледа поорганизирано и попривлечно. Употребете и различни видови полици и фиоки во кои ќе ги сместите сите ваши документи и со тоа направете вашиот работен простор да изгледа поструктурирано.

Создадете ѕид за идеи

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоСо толку многу идеи кои ви „претрчуваат“ низ мислите додека сте на работа, добро е да имате место на кое ќе ги складирате. Поставете табла со пинови која ќе биде на дофат од вашата работна маса и употребувајте ја како место на кое ќе ги закачувате вашите идеи како што ќе ви доаѓаат. Овој трик ќе ви помогне ниту една идеја повторно да не ви избега, а истовремено ќе ви го подобри и процесот на вашето креативно размислување.

Избегнувајте часовници

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоНе само што гласниот звук од секундарката на часовникот може да ви го одвлекува вниманието од вашата работа, туку истовремено може и да ве полудува. Избегнувајте да поставувате часовник пред вашето биро бидејќи, така постојано ќе ги броите секундите до крајот на работното време, а со тоа целосно ќе ја намалите вашата креативност. Токму затоа наместете го часовникот на некое место каде што нема да ви биде лесно достапен за гледање. На овој начин ќе се осигурате дека нема да бидете деконцентрирани.

Не губете време

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоНеодамна „Adobe“ пуштија одлична нова декстоп апликација наречена Creative Cloud која ќе ви помогне да ја подобрите вашата креативност во работниот простор. Оваа апликација ги помни вашите параметри и подесувања за сите програми од „Adobe“. Кога работите на друг компјутер или пак од дома, едноставно логирајте се на вашиот профил и направете синхронизација. Никогаш повеќе не мора да губите време во подесувања, а со тоа ќе си дозволите и повеќе време да бидете креативни и продуктивни.

Одберете ја вистинската боја

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоВерувале или не, бојата на вашата работна просторија може многу да влијае на вашата креативност. Сината се смета за најдобар избор на боја за канцеларија бидејќи инспирира јасност и креативност. Исто така, се верува дека има смирувачки ефект кој може да ви биде од корист доколку сте склони на стрес. Жолтата е исто така добра боја за канцеларија. Одберете бледа жолта боја бидејќи се верува дека таа е поврзана со среќа и живост, додека истовремено изгледа дискретно и суптилно.

Постојат одредени бои кои можат и негативно да ви влијаат на работното место. Избегнувајте ја црвената бидејќи знае да биде многу наметлива и често се поврзува со иритација. Белата исто така треба да се избегнува бидејќи често предизвикува чувство на стерилност и изолација.

Слушајте музика

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоНекои луѓе откриваат дека се најдобри и најкреативни во својата работа додека слушаат музика. Но, бидете внимателни при изборот на жанрот. Одберете музика во која ќе уживате, но и која ќе биде добра за во позадина (нешто без вокали). Гласната и наметлива музика како на пример хеви металот, многу повеќе ќе ве деконцентрира, па затоа обидете се да не ја додадете во вашата плејлиста.

Декорирајте со уметнички дела

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоРаботата во просторија со 4 бели ѕида често знае да биде неинспиративна. Одберете внимателно неколку уметнички дела со кои ќе ја разбиете монотонијата. Нека биде тоа некој идиличен пејсаж или направете колаж со фотографии од вашите најблиски. Ова е одличен начин да се инспирирате и да си го одржувате вашето расположение позитивно. Исто така можете да одберете и некое апстрактно дело, бидејќи секој пат кога ќе го погледнете ќе забележите нешто сосема ново. Но, сепак бидете внимателни да не ја натрупате канцеларијата со многу слики бидејќи на тој начин ризикувате повеќе време да гледате во нив отколку што ќе работите.

Облечете се соодветно

Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоНачинот на кој се облекувате е исто толку важен колку и организирањето и дизајнирањето на вашиот работен простор. Ова е особено од важност за оние личности кои работат од дома. И покрај тоа што треба да ви биде удобно, работата во пижами може да направи да се чувствувате незаинтересирано и немотивирано, додека пак претставителната облека ќе направи да се чувствувате подготвени за работа.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар