Претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје

Претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје

Малку е тешко да се поверува дека може да постои премногу спиење, бидејќи поголемиот дел од нас понекогаш се чувствуваме како постојано да ни фали сон. Но, за големо изненадување, може да се претера и со сонот. И покрај тоа што е екстремно тешко да се одреди колку е „вистинската“ количина на сон, голем број истражувања покажале дека на повеќето возрасни им е потребно некаде помеѓу 7 и 9 часа за да можат потоа да функционираат оптимално. Доколку редовно спиете повеќе од 9 часа, тоа може да биде знак на одредена медицинска состојба, но дури и сè да е во ред со вас, се изложувате на голем број ризици по вашето здравје. Откријте кои се најголемите проблеми кои можат да настанат доколку премногу спиете…

Претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје

Се зголемува ризикот од депресија

Во 2014 година била спроведена една студија на возрасни близнаци каде што истражувачите откриле дека спиењето повеќе од 9 часа во текот на ноќта може да го зголеми ризикот за развивање депресија и до 49%.

Може да влијае негативно врз вашиот мозок

Една студија од 2012 година ни открива дека постарите жени кои континуирано спиеле повеќе од 9 часа секоја вечер (или помалку од 5) во период од 6 години искусуваат влошување на функционалноста на нивниот мозок.

Потешко е да забремените

Во 2013 година, истражувачки тим од Кореа ги анализирал навиките за спиење на повеќе од 650 жени кои поминувале низ ин витро оплодување. Тие откриле дека шансите за бременост биле поголеми кај оние жени кои спиеле од 7 до 8 часа, а најмали кај оние кои спиеле од 9 до 11 часа.

Претераното спиење може да го зголеми ризикот за дијабетес

Во една мала студија спроведена во Квебек, истражувачите откриле дека луѓето кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта имале поголеми шанси при развивање дијабетес од тип 2 или намалена толерантност на гликозата во период од 6 години, за разлика од оние кои спиеле помеѓу 7 и 8 часа во текот на вечерта.

Може да предизвика покачување на телесната тежина

Истите истражувачи од Квебек во период од 6 години ја набљудувале и телесната тежина на своите испитаници. Тие откриле дека оние кои спиеле од 9 до 10 часа секоја вечер имале 25% повеќе шанси да качат 5 килограми, дури и доколку биле на одреден режим на исхрана и физички активни.

Негативно влијание врз срцето

Едно истражување од 2012 година ни покажува дека спиењето над 8 часа секоја вечер може да се поврзе со зголемен ризик од различни срцеви заболувања. Истражувачите ги анализирале податоците од над 3.000 луѓе и откриле дека оние кои спијат многу имаат поголем ризик од развивање ангина како и болест на коронарната артерија.

Претераното спиење може да доведе до рана смрт

Во 2010 година истражувачите направиле ревизија на 16 различни студии кои вклучувале 1.382.999 испитаници и откриле дека ризикот од рана смрт кај оние кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта е 1,3 пати поголем.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар