Престанете да се борите за односот во кој вложувате само вие
Во човековата природа е да сакате да се борите за она за што се грижите. Но, покрај тоа што постојат многу луѓе кои се вредни за борба, постојат и такви коишто не заслужуваат. Иако можеби не очекувате ништо за возврат, сепак, треба да бидете внимателни колку вложувате во односите со другите. Некои работи едноставно не зависат од вас и не можете да влијаете на каков било начин, па подобро е да ги прифатите и притоа разумно да ги донесувате своите одлуки. Еве на што да внимавате.
1. Престанете да се обидувате да промените некој кој не сака да се промени
Без разлика колку и да се обидувате, доколку една личност не сака да се промени себеси и своите ставови, тогаш вашите обиди се залудни. Сигурно вие сакате да го направите тоа со добри намери, но доколку тоа не е прифатено од другата страна, треба да се откажете.
2. Престанете да му давате шанса на некој кој го злоупотребува вашето простување
Дали сте биле повредени, па, покрај сѐ сте се решиле да им простите на тие луѓе? Човечки и исправно е да се простува, но секогаш постојат одредени граници и за тоа. Речиси секој заслужува втора шанса, но доколку некој заборави на минатото и покрај сѐ повторно го злоупотребува вашето простување, тогаш време е да сфатите дека таа личност не заслужува ништо повеќе од ваша страна.
3. Престанете да се враќате на местото од каде што побегнало вашето срце
Понекогаш тешко е да се контролираат чувствата, па многу личности се враќаат на своето минато. Но, која е целта? Еднаш веќе имало причина што сте се разделиле и вашето срце решило да го заборави минатото. Затоа, не отворајте стари рани, придобивките речиси и не постојат.
4. Престанете да верувате во зборовите и постапките на некои луѓе
Со текот на времето сфаќате колку вистина се крие во зборовите и постапките на некои луѓе. Тие може да ви зборуваат со часови и да ви ветуваат различни работи, но доколку веќе сте сфатиле дека тоа се само празни реченици, тогаш сигурно во иднина нема ништо да се промени.
5. Престанете да давате сѐ од себе на некој кој ни малку не ви враќа на тоа
Позната ли ви е ситуацијата кога постојано давате максимум од себе и правите работите да бидат во најдобар ред, а притоа другата страна е индиферентна кон ова? Доколку се пронаоѓате, тогаш време е да ја заборавите оваа своја навика. Погледнете појасно на работите и обидете се што е можно побргу да се оддалечите од овие личности кои само ви ја црпат енергијата.
6. Престанете да се борите за односот во кој се борите самите
Можеби ја сакате таа личност и сакате да направите сѐ што е во ваша моќ за да ја задржите покрај себе, па притоа се борите на секаков начин. Но, тоа не е вистинското решение. Еден однос треба да се заснова на меѓусебно давање и почитување. Доколку само едната страна е онаа која вложува, тогаш тој однос не заслужува внимание.
7. Престанете да го кршите вашето срце
Треба да сфатите дека вие сте најважната личност и дека не треба да правите работи кои не ви носат ништо корисно. Зошто постојано да се навраќате на спомените кои ве повредуваат? Погледнете напред, иднината има да понуди многу поубави работи отколку што тоа го може минатото!