Престанете да ми кажувате дека не треба да носам шминка!
Носењето шминка за секого е различно. Некој ќе ви даде комплимент: „Еј, супер ти стои оваа боја на кармин“, некој пак, ќе ви каже дека тоа воопшто не ви е потребно: „Поубава си без шминка“, а постојат и луѓе кои можеби ќе ве навредат: „Барем јас не носам толку многу шминка како тебе“. Но, како што кажавме, секој има свој индивидуален вкус за шминка.
Затоа пак, девојките кои не носат шминка на своите селфи фотографии станаа општествен феномен. Се создаде некое верување дека на тој начин девојката е поубава и позгодна, додека девојките кои „мора“ да носат шминка се вештачко убави. Но, тоа воопшто не е така, а еве зошто.
1. Шминката е ваш личен избор. Мојата боја на кармин нема никаква врска со твојот живот. Никаква!
2. Шминката не ве прави помалку феминистки. Не мора постојано да се облекувате како феминистка. Вие имате право да се облекувате и да изгледате онака како што се чувствувате најудобно.
3. Шминката не ве прави вештачки. Која било боја и да ја изберете за да ги нашминкате очите, нема да ја покријат онаа личност која навистина сте. Запомнете, шминката може да ги прикрие вашите физички маани, но никогаш вашиот карактер и вашиот ум.
4. Шминката може да биде вистинска уметност. Дали некогаш сте виделе мејкап артист кој успешно работи на телевизиско снимање? Или нередот од шминки што се создава околу невестата за таа да изгледа најубаво на нејзиниот најважен ден? Мејкап артистите во себе поседуваат вистинска, искрена уметничка дарба. Ако својата вештина ја стават на уметничкото платно, дури и Клод Моне би се исплашил.
5. Шминката прави да се чувствувате убаво. Постои нешто волшебно во тушот за очи и она „опавче“ на крајот од окото што ви даваат огромна моќ. Никој не може да ви го одземе тоа.
6. Шминката не прави да се срамите од себе. Само затоа што преферирате да носите шминка, не значи дека се срамите од себе и од она што сте.
7. Шминката е продолжение на вашиот моден избор, а вашиот моден избор е продолжение на вас. Ако изберете фустан со црвени полка точки, нормално ќе се одлучите и за црвен кармин кој совршено ќе го надополни вашиот изглед. Вие сте она што сте и дозволете вашиот надворешен изглед да се совпадне со оној внатрешниот.
8. Нанесувањето шминка е супер забавно. Експериментирањето со различни бои и нијанси, течни или пак во прав, се работи во кои навистина се ужива.
9. Шминката ви овозможува да експериментирате со својот изглед. Може да го менувате од класичен до изглед на рок ѕвезда. Од див, и бунтовнички, па сè до гламурозен. На изборот му нема крај.
10. Вие не носите шминка за другите. Вие носите шминка за вас. Не дозволувајте никој да го ограничи вашиот избор на она што го правите или пак она што сакате да го носите на вашето лице.