Престанете да ја бркате љубовта и правете го ова

Престанете да ја бркате љубовта и правете го ова

Дали долго време сте сингл? Дали постојано барате некој што ќе го смени тоа? Можеби постојано ја бркате љубовта и заборавате да го живеете вашиот живот. Вистинската љубов ќе ве пронајде кога ќе бидете подготвени. Дотогаш, наместо да ја бркате, обидете се да ги правите овие работи.

Престанете да ја бркате љубовта и правете го ова

Наместо да ја бркате љубовта, развијте љубов кон себе

Бидејќи нема да можете целосно да ја разберете љубовта што ја барате од друга личност. Секогаш ќе ви се чини нецелосна без љубовта што ја имате за себе. Развијте љубов кон себе така што ќе се грижите за вашата вредност. Развијте љубов кон себе така што ќе бидете горди на вашата уникатност. Научете сами да уживате во животот. Научете да зачувате нешто наместо да давате сè. Љубовта кон себе треба да биде основа за секоја друга љубов што ќе ја искажете надвор од вас, бидејќи таа ќе ви биде водич и контрола над вашите емоции за другите.

Наместо да ја бркате љубовта, изградете го патот до вашите соништа

Бидејќи соништата не се исполнуваат сами. Соништата треба да ги бркате бидејќи ќе ви дадат неверојатни награди за вашиот труд. А љубовта ќе тргне по вашиот пат. Ќе ве најде во вистинскиот момент. Па, немојте да се грижите за неа. Љубовта нема години, но соништата бараат време. Колку побрзо ќе ги стигнете, толку поисполнето ќе се чувствувате. Прво уживајте во наградите од вашите соништа, а потоа барајте ја вистинската личност со којашто ќе ги споделите.

Наместо да ја бркате љубовта, ценете ја онаа што веќе ја имате

Љубовта на семејството, пријателите, роднините, колегите или кого било. Не заборавајте да одвоите време за луѓето кои навистина се грижат за вас. Набљудувајте како секогаш се на ваша страна. Набљудувајте како ве поддржуваат, веруваат во вас и ве охрабруваат во вашите подвизи. Не заборавајте ги овие луѓе. Сакајте ги наместо да трошите енергија љубејќи некој што не заслужува. Луѓето кои вистински ве сакаат ќе ви помогнат да откриете како треба да ве третира саканата личност. Тие ќе ви помогнат да ги поставите стандардите. Тие ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот.

Наместо да ја бркате љубовта, најдете ја вашата цел

Разбудете ја вашата страст, бидејќи страста ја одредува целта. Никогаш не дозволувајте му на вашиот оган да згасне. Едноставно правете го она што го сакате. Кој и да е вашиот дар, тој не е овде само за да уживате во него. Дали пеете? Можеби вашите песни навистина ќе допрат некого? Дали танцувате? Можеби ќе бидете нечија инспирација. Дали пишувате? Можеби вашите зборови ќе помогнат некому. Најдоброто е што понекогаш вашата страст, или вашиот дар, може да ви го отвори патот кон љубовта. Штом ќе откриете за што сте создадени, нема да можете да престанете да бидете среќни и исполнети.

Кога вистински ќе бидете подготвени, погледнете како да најдете љубов што ќе трае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар