Престанете да бидете премногу строги кон себе: Имате време за да ја изградите кариерата од соништата!
Сите сакаме да имаме работа од соништата, да ги положиме испитите, да земеме диплома, да поминеме одлично на интервјуто за работа, да ги направиме родителите горди, но и себеси. Легнувате доцна, станувате рано, работите по цели денови и го жртвувате вашиот социјален живот, затоа што знаете дека треба да вложите многу труд за да ги достигнете вашите цели. Знаете дека треба многу да се потрудите за да го создадете животот за којшто отсекогаш сте сонувале.
Но, тоа не значи дека мора постојано да се изложувате на огромен стрес. Тоа не значи дека не смеете да се одморите и да си ги наполните батериите. Смеете да имате социјален живот. Смеете да излегувате со пријателите. Смеете да уживате во моментот, наместо да се грижите за обврските што треба да ги завршите.
Дали постојано размислувате за тоа што сѐ ќе можевте да завршите доколку останевте дома со лаптопот наместо да излезете со вашето друштво? Престанете со тоа! Смеете да одите на одмор или на краток викенд со вашиот партнер. Смеете да се јавите на работа и да кажете дека сте болни за да се погрижите за вашето ментално здравје и да си дадете време за себе, дури и да немате никакви физички проблеми. Смеете да си земете слободен ден.
Смеете да го стиснете копчето „снуз“ за време на викендот кога не мора да одите никаде, наместо да се труете со кафе и да работите дополнително. Смеете да спиете по 8 часа, па дури и 9 или 10 часа кога чувствувате поголема потреба за сон. Смеете да одберете ден кога ќе си останете дома по пижами и ќе си ги гледате омилените серии, без да се грижите за ништо друго освен за она што се случува на екранот.
Смеете да кажете „Не“ кога се чувствувате преоптоварено. Смеете да му кажете на шефот дека не можете да работите прекувремено во моментот. Можете да им кажете на најдобрите пријатели дека немате време да им помогнете со учењето, бидејќи распоредот ви е премногу натрупан. Можеби ќе ви се налутат по малку, но ќе ја почитуваат вашата одлука и ќе разберат дека понекогаш мора да се ставите себеси на прво место.
Запомнете дека не мора да го проверувате имејлот по завршувањето на работното време. Смеете да го исклучите телефонот кога одите на љубовен состанок. Смеете да се изолирате од светот.
Не смеете да бидете премногу строги кон себе. Да, точно е тоа дека напорната работа ќе ви помогне да ја постигнете вашата цел, но не мора да работите додека не колабирате. Заслужувате одмор. Дајте си го тоа што го заслужувате.
Прочитајте ги и следниве 9 знаци кои укажуваат на тоа дека сте под преголем стрес и дека е време да почнете да се грижите за себе.