Престанете да барате партнер! Барајте најдобар пријател
Многумина мислат дека вистинската личност се појавува како љубовта на прв поглед. Мислат дека ќе отидат на прв љубовен состанок и веднаш ќе знаат дека ја нашле својата сродна душа. Честопати мислиме дека треба да се појават огномети или некаква искра што ќе го разбуди нашето шесто сетило и ќе ни даде до знаење дека сме го нашле мажот или жената од нашите соништа.
Но, она што луѓето го забораваат е дека силната, вистинска и долготрајна врска не се случува преку ноќ. Потребно е време. А многу луѓе не сакаат да го дадат своето време толку безгрижно. Како што старееме, нашите приоритети се менуваат. Стануваме презафатени со работа. Одиме на љубовни состаноци само тогаш кога можеме и ги претвораме во рутини каде што репликите се однапред смислени во нашите глави:
„Каде живееш?“
„Што работиш?“
„Што правиш во слободно време?“
Целиов процес го вежбаме одново и одново поради тоа што постојано одиме на средби со различни луѓе. Ако не ја почувствуваме искрата веднаш, продолжуваме понатаму. Ако не ни дадат одговори што ќе ни се допаднат, веднаш ги „отпишуваме“ потенцијалните партнери. И така преминуваме на следниот кандидат.
Причината зошто толку луѓе мразат да одат на љубовни состаноци е тоа што ги гледаат како интервјуа за работа. Ако не го најдат совршениот партнер, веднаш се откажуваат и продолжуваат со потрагата.
Но, вистината е дека треба да престанеме да бараме момче или девојка и да почнеме да бараме пријател. На врските им треба време за да се развијат. Не се доволни само една, две или три средби за да дознаете дали сте го нашле вистинскиот или вистинската и да преминете во следниот круг.
Потребно е да се запознаете со луѓето пред да ги одведете во спалната соба. Треба да разберете кои се навистина наместо што работат. Треба да ги цените заедничките моменти, да се смеете и водите длабоки разговори за време на кои навистина ќе се слушате меѓусебно.
Се верува дека ако пријателството траело подолго од 7 години, тогаш ќе трае цела вечност. Доколку имате вакви пријателства, доколку имате пријатели со кои можете да се гледате еднаш месечно или годишно без притоа да се смени односот меѓу вас, тогаш дефинитивно можете да најдете животен партнер.
Ако моментално сте во активна потрага по врска, веднаш престанете со тоа. Најдете прво пријател, па видете каде ќе ве одведе тоа. На некој начин, навистина ги сакаме нашите пријатели. Иако не станува збор за романтична љубов, сепак вистина е дека би направиле многу работи за нив, а токму така би требало да функционира и љубовната врска.
Кога ќе почнете да ги гледате работите на овој начин, порано или подоцна ќе се појави вистинскиот човек за вас. Ќе бидете изненадени, бидејќи воопшто нема да очекувате такво нешто. Не сте го барале тоа, туку едноставно се случило. Не заборавајте дека во сржта на секоја врска или брак, партнерите не се само љубовници туку тие се првенствено пријатели.
Во продолжение прочитајте и колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер.