Престанете да барате одобрувања од другите и почнете да го живеете животот сега!

Престанете да барате одобрувања од другите и почнете да го живеете животот сега!

Нема потреба да барате разбирање од луѓето, бидејќи оние што ве ценат ќе ве разберат, а останатите само ќе се преправаат дека ве разбираат. Не мора никому да се правдате зошто живеете како што живеете затоа што луѓето и онака ќе ве озборуваат и ќе ве осудуваат.

Престанете да барате одобрувања од другите и почнете да го живеете животот сега!

Зошто поголемиот дел од животот го поминуваме барајќи пофалби и одобрувања од другите? Честопати ги потиснуваме вистинските копнежи на нашето срце затоа што сакаме да чувствуваме дека другите ни се восхитуваат, дека сме направиле нешто големо. А потоа на оние кои не нè забележуваат, бидејќи не сакаат да забележат, им ги опишуваме нашите достигнувања, им ги покажуваме нашите медали и трофеи, а нив едноставно не им е грижа.

Колку време трошиме обидувајќи се да се докажеме пред другите? Прво им докажуваме на другите дека вредиме, а потоа си го повторуваме истото, сакаме некој да ни го потврди тоа, а притоа забораваме дека треба само да живееме, да ги исфрлиме сомнежите и стравовите и само да им се предадеме на моментите што ни доаѓаат.

Запомнете дека не треба никому да го опишувате сопствениот живот, да се докажувате, да се оправдувате, бидејќи секогаш кога ќе наидете на предизвик тоа значи дека се обидувате, а кога ќе ги пребродите предизвиците тоа ќе биде знак дека имате цврст карактер, цел и соништа.

Ако некој ве осудува, знајте дека длабоко во себе се осудува себеси, ако некој ве сака, знајте дека длабоко во себе се сака и себеси. Сè што ви треба е да живеете, со помала желба да се докажувате и оправдувате. На тој начин ќе имате помалку негативни мисли и грижи во вашата глава и повеќе убавина во вашиот живот.

Откако прочитавте зошто треба да престанете да барате оправдувања од другите, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те паметни совети што може да ви го олеснат животот.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар