Преслатки за да би ги јаделе: Колачиња-мечиња со гушнати бадемчиња

Преслатки за да би ги јаделе: Колачиња-мечиња со гушнати бадемчиња

Толку се слатки што би ви било жал да ги ставите во уста. Сепак, одлични се за посебни прилики…

1-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk

Потребни состојки и материјали:
  • Калап во вид на мечиња
  • 100 грама сенаменско брашно
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 20 грама компиров скроб
  • Прстофат сол
  • 40 грама шеќерен сируп (шербет)
  • 10 грама мед
  • 30 грама растително масло
Начин на подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на 160°C
  2. Измешајте ги обичното и пченкарното брашно и просејте ги заедно 5 пати.
  3. Потоа брашното помешајте го со компировиот скроб и со солта во голем сад.
  4. Во посебен мал сад измешајте ги шербетот, медот и растителното масло.
  5. Течната мешавина измешајте ја со сувата и добро измешајте додека не добиете мазна смеса.
  6. Потоа добиеното тесто ставете го врз хартија за печење на рамна површина и истанчете го со сукало.
  7. Со калапот во форма на мече направете ги формите.
  8. Нацртајте ги лицата (три точки кои можете да ги боцнете со стапче за ражнич или некое друго шилесто кујнско помагало) и ставете бадемчиња на средината, врз стомакот. Потоа земете ги рачињата на секое мече и направете тие да ги гушнат бадемите.
  9. Со остатоците од тестото направете опавчиња за мечиња свртени одзади.
  10. Печете 10 минути, потоа намалете на 150°C и печете уште 10.
  11. Извадете ги од рерна и тие се готови.

Совет: Наместо бадеми можете да употребите други јаткасти плодови или бонбони.

2-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 3-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 4-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 5-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 6-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 7-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 8-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 9-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 10-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 11-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 12-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk

Рецептот е базиран на видеото на Маа Тамагосан. Во оригиналниот рецепт се употребува 110 грама брашно за торта, а за сметка на тоа се изоставува пченкарното брашно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар