Препознајте ги и одбранете се од крадците на вашата енергија
Многу често се случува одредени непријатни ситуации постојано да ни се повторуваат. Тоа е така затоа што не сме ја научиле лекцијата и не сме сфатиле што треба да смениме кај нас, затоа што надворешниот свет и другите луѓе не можеме да ги менуваме. Секојдневно сме опкружени со различни личности, кои различно влијаат на нас. Некои од нив ја поттикнуваат нашата позитивна енергија и нè мотивираме да чекориме напред, додека пак други, чувствуваме дека ни ја одземаат енергијата со самото нивно присуство. Препознајте ги и заштитете се од нив, затоа што тие ја крадат вашата енергија. По времето поминато со нив се чувствувате изморено и вашите глави се полни со негативни мисли. Научете како да се заштитите од нив.
1. Луѓе кои постојано се жалат
Дали во близина имате личност којашто постојано ви се жали? Без оглед колку ви е близок односот, таа личност кога и да ја видите секогаш има поплаки за нејзиниот живот, којшто го опишува како многу тежок, иако тоа не одговара на вашата перцепција. Со ваквите луѓе, колку и да се обидувате да започнете нова тема, тие секогаш разговорот ќе го свртат кон нив и кон нивниот „неподнослив живот“.
Тоа што е најчудно е што овие луѓе живеат еден сосема нормален живот, но се склони кон драматичност и најмногу сакаат да се фокусираат на „тешките“ моменти и ситуации со кои се соочуваат. И покрај обидите да им дадете совет, до нив вашите зборови не допираат. Тие ќе ве ислушаат што имате да им кажете, но на крајот сепак ќе најдат изговор зошто не се во можност да го направат тоа. Овие луѓе многу лошо влијаат врз средината. Тие ја крадат енергијата, па токму затоа по средбата со нив, или доколку поминувате повеќе време заедно на работа, факултет, училиште или пак се членови на вашето семејство, се чувствувате истоштено и изморено.
2. Испитувачи
Можно е во текот на животот да сте наишле и на ваков тип луѓе. Разговорот со нив може да биде многу напорен. Тие не разговараат за да се дружат, да ги поделат личните искуства или да ги ислушаат останатите, туку нивната цел е самиот разговор. Тие најчесто водат многу специфичен разговор, затоа што ќе ви постават безброј прашања кои не водат никаде.
Ќе ја преиспитуваат секоја ваша реченица, а вие ќе се најдете во ситуација во која мора да се правдате за тоа што го говорите и да продолжувате да зборувате без крај. Разговорот со таква личност е бесмислен, бидејќи никогаш и ништо не можете да ѝ докажете. Нејзината цел е само да ја украде вашата енергија, без оглед дали тоа го прави свесно или несвесно. Немојте да аргументирате, затоа што тоа ќе биде залудно.
3. Недостапни карактери
Овие луѓе секогаш се обидуваат да привлечат внимание, а кога некој друг сака да ги ангажира во разговорот или да започне одредена интеракција со нив, тие се повлекуваат. Ја фрлаат јадицата, но никогаш не прават нешто конкретно за да воспостават нормален однос, туку само наметнуваат теми, за кои лично не сакаат да зборуваат. Еден таков пример се луѓето кои ќе започнат разговор и преку прашања ќе ве убедат да им дадете искрен одговор, а кога вие ќе го свртите вниманието кон нив, тие не одговараат на прашањата и се повлекуваат од разговорот.
4. Застрашувачи
Ова се луѓе кои преку застрашувачки изјави и чудно однесување сакаат да предизвикаат страв кај соговорникот или луѓето во околината и на тој начин ја црпат од нив позитивната енергија. Но, нивните зборови и гестикулации ретко преминуваат во дела. Кога би дејствувала вистински, таквата личност би ја изгубила енергијата, а тоа е спротивно на тоа што ним им треба. Тие едноставно сакаат да ја црпат туѓата позитивна енергија.
Енергетски вампири
Можеби овој израз ви звучи смешно или бизарно, но сите горенаведени типови на луѓе се енергетски вампири. Затоа што тие и буквално го прават тоа, се хранат со туѓата енергија.
Веројатно се прашувате зошто го прават тоа? Затоа што се празни. Немаат храброст да се соочат со самите себе и да ги решат своите проблеми, да ги најдат изворите на своите проблеми, поради што се хранат со туѓите животни приказни. Колку и да се обидувате да ги убедите дека тоа што го прават не е во ред, тие нема да го прифатат советот, затоа што се дупка без дно. Тие луѓе, најчесто, се многу несреќни и исплашени, а поголемиот дел од нив несвесно ја крадат туѓата.
Како да се одбраните од луѓето кои ви ја крадат енергијата?
За почеток, морате да сфатите дека никому не сте должни ништо. Кога станува збор за вашата енергија, не сте им должни ниту на најблиските членови на вашето семејство. Верувајте, доколку застанете на патот и не дозволувате повеќе да ви ја црпат енергијата, на овие луѓе нема ништо лошо да им се случи, тие ќе најдат нова жртва. Мора малку да се потрудите и да го прекинете тој процес, којшто нема крај. Најпрвин мора цврсто да одлучите дека сакате да се ослободите од овие луѓе. Потоа, откако сте си разјасниле во главата дека тие луѓе лошо влијаат на вас, кога сте во нивна близина можете да направите некоја од овие работи:
- Прекрстете ги рацете и нозете (секако доколку седите). Луѓето кои се занимаваат со говорот на телото таквата положба ја нарекуваат одбранбен став. Со тоа се оградувате од вашиот соговорник, не само физички, туку и на енергетско ниво.
- Ставете ја десната дланка врз вашиот папок, а преку неа и левата. Со тоа исто така ја блокирате кражбата на енергија.
- Замислете си стаклено ѕвоно околу вас. Без оглед колку некој седи блиску до вас, замислете се себеси под стаклено ѕвоно кое ве штити од негативната енергија.
Резултатите ќе ги почувствувате веднаш. Немојте да се заморувате со идејата дека мора секогаш да бидете љубезни. Направете една од наведените техники, а крадците ќе забележат дека се оградувате и ќе ја прекинат комуникацијата.