Преполовете го денот за да ја дуплирате продуктивноста

Преполовете го денот за да ја дуплирате продуктивноста

Овој метод е одличен за луѓето кои одложуваат, за оние кои постојано се прашуваат каде им заминал целиот ден и за оние кои постојано сакаат да се откажат. Со овој трик можете да го промените целиот живот, а најдобро е што е навистина едноставен. Потребно е да го ослободите вашиот ментален простор за да го зголемите фокусот, а потоа да му се посветите на делувањето.

Преполовете го денот за да ја дуплирате продуктивноста

1. Одлучете што да правите денес

Запишете сè, но не го заборавајте првиот збор – одлучете. Ова е најважно. Ова е сознанието дека секогаш постојат повеќе нешта што можете да ги направите отколку што имате време. Тоа е сосема во ред бидејќи поголемиот дел од работите не ви се од корист.

2. Групирање на активностите

Вашиот мозок не е простор за складирање, туку тој е работилница во која ги развивате вашите идеи. Наместо да имате огромна листа со обврски, откријте која е главната цел во секој ден во најважните аспекти од вашиот живот. Држете го главниот план на една страна, а на друга страна поделете го планот на делови. Направете го ова што е можно поедноставно. Сега кога размислувате за вашиот ден, групирањето ќе ви биде од помош и ќе се ослободите од ситниците сè додека не навлезете подлабоко во некоја обврска.

3. Преполовете го денот, преполовете ги обврските

Бројот на часови кои сте го одвоиле за секоја од главните категориите поделете го на половина. Потребно е да ги завршите истите нешта за дупло пократко време, односно околу 8 часа откако ќе се разбудите. Преполовете ги обврските уште еднаш, и веќе ви е испланирана првата четвртина од денот.

4. Назначете точно време и специфични задачи

Овде е важна листата со детали. 4 часа со паузи ќе ви дадат 3 разни сегменти. Најчесто умот не сака да се задржува на повеќе од 3 задачи истовремено. Не заборавајте на паузите, особено ако имате проблем со одложувањето. Целта не е максимална ефикасност, туку да завршите сè во првата четвртина од денот. Ова е една од најголемите предности на овој метод. Ви покажува дека имате време за работа, но и за одмор.

5. Делувајте!

  • Обидете се да го поместите распоредот малку порано за да можете да го искористите утрото кога сте најсвежи.
  • Обидете се да ги префрлете обврските од последната четвртина од денот во првите три. На овој начин последниот дел од денот ќе ви биде слободен.

Дознајте и кои видови музика ја зголемуваат продуктивноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар