Прекрасни приказни кои ќе ви докажат дека љубовта навистина постои

Прекрасни приказни кои ќе ви докажат дека љубовта навистина постои

Љубовта е најмоќното и најискреното чувство на светот. За жал, луѓето честопати губат верба во нејзиното постоење по многубројните разочарувања. Овие кратки приказни полни со нежност, љубов и среќа ќе им докажат дури и на најголемите скептици дека вистинската љубов постои и ќе постои засекогаш…

Прекрасни приказни кои ќе ви докажат дека љубовта навистина постои

„Баба ми и дедо ми имаа по 70 години. Еднаш разговарав со дедо ми за неговата младост. Одеднаш, баба ми влезе во собата и тој ми кажа ’Еве доаѓа мојот универзум!’. Комплиментите што ѝ ги дава дедо ми на баба ми се многу покреативни од кои било други што ги имам јас добиено некогаш во животот.“

„Едно утро, пред неколку месеци, сопругот стана 20 минути порано за да ја сошие дупката во моите ракавици! Не сакаше прстите да ми смрзнат надвор. И двајцата бевме презафатени тој период со работа и со предновогодишните збрки. Немавме време ниту за ручек не пак за да си купиме нов пар ракавици. Тој никогаш не ми купува цвеќиња, ретко кога ми дава комплименти, но ваквите мали работи ми ја докажуваат искреноста на неговите чувства и големината на нашата љубов.“

„Денес сопругот ми кажа: ’Да знаев дека ќе бидеш олку прекрасна сопруга, ќе дојдев кај тебе веднаш штом научев да одам!’“

„Минатата година, мојот сопруг мораше да замине на ненадејно деловно патување утрото на Денот на вљубените. Но, тој не заборави на мене! Кога си дојдов дома вечерта, на масата ја најдов мојата омилена чоколадна торта и честитка со срце на неа. На честитката имаше точно три збора, но токму тие зборови ме направија среќна: ’Само за тебе!’“

„Кога на мајка ми ѝ недостасува татко ми, прска од неговиот парфем во собата. Вели дека тоа ѝ помага да создаде ефект на присуство. А кога татко ми ќе се врати дома, го чувствува парфемот и се насмевнува: ’Гледам дека си мислела на мене!’“

„На факултет се вљубив во девојка со проблеми со слухот. Таа учи за да биде толкувач на знаковниот јазик. И јас почнав да го учам знаковниот јазик за да можам да ја поканам на љубовен состанок.“

Прекрасни приказни кои ќе ви докажат дека љубовта навистина постои

„Мојот сопруг има константна телесна температура од 36 степени, а мојата температура е 37. Тоа значи дека мојот сакан постојано се смрзнува, а мене цело време ми е жешко… Можете да си замислите колку ни е убаво кога спиеме заедно во прегратка: Тој се топли, додека јас се разладувам. Ние сме совршениот пар!“

„Баба ми се омажила кога била многу млада за маж кој не го сакала. Во текот на нејзиниот живот, таа имала силни чувства за друг човек. На почетокот, тие не можеле да бидат заедно поради нивните сопружници, а подоцна и поради нивните деца. Потоа, кога имале по 90 години, случајно се сретнале во болница. Првото нешто што старата љубов ѝ го кажал било ’Конечно те најдов!’ Сега тие го живеат она малку што им преостанува од животот заедно.“

„Денес се разбудив и забележав дека сопругот ме нашминкал додека спиев. ’Те нашминкав за да имаш повеќе време за спиење’, ми објасни тој. Инаку, тој е професионален шминкер.“

„Баба ми има 89 години. Неодамна нејзиниот свршеник, кој има 98 години, ѝ подари луксузен Мерцедес со зборовите ’Сакам да се возиш само во квалитетен автомобил!’“

„Со сопругот се шетавме низ градот минатата вечер. Се дружевме, шегувавме и разговаравме. Одеднаш, еден млад пар ни се приближи и нѐ замоли да им ги дадеме нашите имејлови. Тие ни објаснија дека нѐ виделе како се бакнуваме и не можеле да одолеат, па почнале да нѐ следат цел час и да нѐ фотографираат. Така нашата семејна фото архива се зголеми со стотици нови фотографии на кои изгледавме среќни. Неодамна, прославивме 25 години во брак. Колку прекрасен и неочекуван подарок за да се обележи оваа прилика!“

Прочитајте ги и овие вистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар