Прекрасни пораки што можете да ѝ ги пратите на саканата личност кога ќе ви недостасува

Прекрасни пораки што можете да ѝ ги пратите на саканата личност кога ќе ви недостасува

Нема полошо чувство од тоа кога некој силно ви недостасува. Можеби не сте се виделе неколку недели или еден ден, но вам ви се чини како да поминала цела вечност. Ако некој почне да ви недостасува од моментот кога заминал, треба да знаете дека таа личност многу ви значи. Кога ќе почувствувате вистинска љубов, ќе станете попозитивни и ќе почнете да размислувате за иднината со вашиот сакан или сакана. Таквата поврзаност може да биде болна, особено кога партнерот многу ви недостасува.

Прекрасни пораки што можете да ѝ ги пратите на саканата личност кога ќе ви недостасува

Наместо да бидете безнадежни, радувајте се на денот кога конечно ќе се видите! А дотогаш покажете му на партнерот или партнерката колку многу ви недостасуваат со некоја од следниве пораки…

„Добро би ми дошла твојата прегратка во моментов.“

„Кога би требало да го измерам интензитетот на тоа колку ми недостасуваш во бранови, вечерва би потонал/а.“

„Ќе знаете дека некој навистина ви недостасува тогаш кога ќе копнеете за малите нешта, како што е неговиот/нејзиниот глас.“

„Пеперутки ми играат во стомакот при самата помисла на нашата наредна средба.“

„Јас сум во мојот кревет. Ти си во твојот кревет. Еден од нас е на погрешно место.“

„И стотици срца се премалку за да ја соберат целата моја љубов кон тебе.“

„Не е важно каде сум. Само твој/а сум.“

Прекрасни пораки што можете да ѝ ги пратите на саканата личност кога ќе ви недостасува

„Љубов е кога некој ви недостасува секогаш кога не сте заедно, но чувствувате некоја топлина бидејќи срцата ви се блиску.“

„Кога сум со тебе, часовите се претвораат во секунди. Но, кога не сме заедно, деновите се претвораат во години.“

„Дури и целиот ден да го поминам со тебе пак ќе ми недостасуваш веднаш штом си заминеш.“

„Вредиш за секој километар што нѐ дели.“

„Ако тебе ти е тешко поради тоа што ти недостасувам, замисли мене како ми е што ти ми недостасуваш.“

„Посакувам да се телепортирам до тебе…“

„Кога некој ви недостасува, тоа е потсетник на вашата љубов кон таа личност.“

Прочитајте ги и овие цитати што можат да ги разберат само оние кои копнеат по нечие присуство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар