Прекрасни мисли од Карлос Руиз Зафон

Прекрасни мисли од Карлос Руиз Зафон

Автор: Симона Ристоска

Го освои светот со своето мистично, бајковито раскажување и се здоби со илјадници верни читатели ширум светот. Секоја негова наредна книга се очекува со нетрпение, и оправдано, затоа што секоја следна е уште поубава од претходната. Често го нарекуваат „генијалниот сликар на мислата“ но Зафон, освен умешноста да го зароби читателот во својата приказна, воодушевува и со длабочината на мислите. Се обидовме да направиме избор од неговите најубави мисли, иако е навистина тешко да се одвои само мал дел од делото на толку плоден автор.Прекрасни мисли од Карлос Руиз Зафон

Книгите се огледала, во нив го гледаме само она што веќе го имаме во нас“

„Моментот кога ќе застанеш да размислиш дали навистина сакаш некого или не, веќе си престанал да ја сакаш таа личност засекогаш.“

„Вредноста на една тајна зависи од луѓето од кои што треба да биде чувана.“

„Судбината е обично веднаш зад аголот. Како крадец, проститутка или продавач на ливчиња лотарија – нејзините три најчести персонификации. Но она што судбината со сигурност не го прави, се домашните посети. Мораш да одиш по неа.“

„Секоја книга има душа, душата на личноста што ја напишала и душите на оние кои ја прочитале и сонувале за неа.“

„Правењето пари не е тешко само по себе… Она што е тешко е да заработиш правејќи нешто доволно вредно за да си го посветиш животот на тоа.“

„Во некои добри времиња ќе видиш дека некогаш не е важно она што го даваш, туку она од кое се откажуваш.“

„Зборовите со кои е затруено детското срце, преку злоба или од незнаење, остануваат засекогаш во спомените и порано или подоцна, ја горат душата.“

„Пливам спротивно од насоката затоа што сакам да пречам.“

„Знаеш која е најдобрата работа кај скршените срца? Можат вистински да се скршат само еднаш, останатото се само гребаници.“

„Поезија се пишува со солзи, фикцијата со крв, а историја со невидливо мастило.“

„Случајностите се лузни на судбината.“

„Кога веќе сè е кажано и направено, каква е таа наука која е во можност да го прати човекот на Месечината, а не може да стави парче леб на масата на секое човечко суштество?“

„Зрелост е едноставно процесот на откривање дека сè она во што сме верувале кога сме биле млади е лажно, а сите оние работи во кои сме одбивале да веруваме на крајот излегуваат вистинити.“

„Возраста нè тера да забележуваме некои работи. На пример, сега знам дека животот на човекот е поделен во три периоди. За време на првиот, никогаш не ни помислуваме дека еден ден ќе остариме, не мислиме на тоа дека времето изминува и дека од денот кога сме се родиле ние чекориме кон сигурен крај.

После првите неколку години младост, доаѓа вториот период кога една личност станува свесна за кревкоста на животот и она што започнува како зрно сомнеж, расте во нас како поплава од несигурности коишто остануваат до крајот.

На крајот, кон завршетокот на животот, започнува периодот на прифаќање и како резултат на тоа, перидот на откажување, тоа е периодот на чекање.“

„Ми недостига да имам непријател. Без разлика дали го сфаќаме тоа или не, повеќето од нас се дефинираат самите себеси преку спротивставување, а не преку фаворизирање некого или нешто. Кажано поинаку, полесно е да се реагира отколку да се дејствува. Ништо не буди страст за догма подобро од добар антагонист.“

„Човекот е морално животно оставено само на себе во неморален универзум и осудено на конечно постоење со никаква друга намена освен да го одржува природниот циклус на видовите.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Petar Reply

    Еден од најдобрите современи автори? Сериозно?

    • Agirl Reply

      Да Petar, сериозно. Според мене и најдобар. Но нема што тука да се расправа, поготово кога е вкус во прашање.

  2. Мона Reply

    Прекрасно!

  3. She Reply

    Predobro kazano!

Остави коментар