Прекрасни фризури кои можете да ги носите ова лето

Прекрасни фризури кои можете да ги носите ова лето

Без разлика дали сте мирна девојка или со авантуристички дух, на оваа листа има барем по една фризура за секоја од вас! Погледнете ги овие прекрасни и лесни летни фризури.

1. Бранови

(1)prekrasni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-noste-ova-leto-kafepauza.mk

Никогаш нема да погрешите со старите добри бранови. Без разлика дали користите пегла, фигаро или спиете со плетенки, брановите со природен изглед се клучни ова лето.

2. Бушава пунџа на врвот на главата

(2)prekrasni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-noste-ova-leto-kafepauza.mk

Оваа едноставна фризура е многу популарна. Гледаме сѐ повеќе и повеќе креативност кога станува збор за високата пунџа. Извадете неколку прамени, заврзете марама околу пунџата и вашата фризура е готова.

3. Круна од плетенка

(3)prekrasni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-noste-ova-leto-kafepauza.mk

Ова е совршената летна фризура. Без разлика дали одите на кафе или на свадба, плетенките истовремено се и шик и елегантни.

4. Половина собрана

(4)prekrasni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-noste-ova-leto-kafepauza.mk

Користете шнолички, мали ластичиња или некоја декоративна голема шнола за да го прицврстите горниот на косата. Оставете неколку прамени лабави и спремни сте.

5. Ниска пунџа

(5)prekrasni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-noste-ova-leto-kafepauza.mk

Ова е совршена комбинација на елегантност и секојдневност. Потребни ви се само неколку минути за подготовка и затоа ова е совршената фризура за кога немате многу време.

6. Прстени во плетенка

(6)prekrasni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-noste-ova-leto-kafepauza.mk

Овој изглед многу брзо стана популарен. Сè што треба да направите е да вплетете неколку алки во вашата плетенка.

7. Класична француска плетенка

(7)prekrasni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-noste-ova-leto-kafepauza.mk

Француските плетенки не се само за мали деца, тие се совршени за активности кога времето е топло.

8. Залижана собрана коса

(8)prekrasni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-noste-ova-leto-kafepauza.mk

Кога е навистина топло, сигурно не сакате косата да ви паѓа на лицето. Затоа залижете ја наназад и соберете ја во ниска пунџа или опавче.

Погледнете и како да ги комбинирате белите фармерки кои ќе бидат хит ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар