Прекрасна приказна од животот на Буда која ќе ви помогне да се справите со најтешката емоција
Дали знаете со која емоција е најтешко да се справите? Не станува збор за гнев, омраза, љубомора или тага. Од другата страна на овие чувства се наоѓа емоцијата која е клучна за вашиот мир. Пред да ви кажеме за која емоција станува збор, и како да ја прифатите, сакаме да споделиме една приказна со вас.
Прекрасна приказна од животот на Буда
Еднаш Буда одлучил да замине на некое време. Тој замолил некои од неговите главни ученици, како Ананда и Шарипутра, да останат во манастирот додека тој бил отсутен. Ова било многу чудно, бидејќи каде и да одел Буда, тој бил придружуван од неговите ученици кои го сакале и го почитувале повеќе и од самите себе. Тие секогаш сакале да бидат во негова близина, да се восхитуваат на неговата убавина, да ги слушаат неговите зборови и да му служат. Но, овој пат Буда ги замолил да го остават сам.
Истражувајќи нови места, одејќи од едно село во друго, луѓето не го препознавале. Тие не знаеле дека тој е Буда бидејќи околу него немало гужва. Тој скитал како и секој друг свештеник, дискретно и сам. Додека патувал, Буда му пришол на некој човек барајќи милост од него. Но, вниманието на човекот било одвлечено од неговата крава која умрела пред само неколку минути. Преплавен од бес, тој почнал да му вика на Буда и да го навредува. Буда не рекол ништо и само си заминал. Но, еден од селаните го препознал.
Тој го прашал гневниот човек, „Дали знаеш кој беше тоа?“
„Не ме интересира.“ рекол човекот.
„Но треба да те интересира. Тоа беше Буда.“
„Што зборуваш?“ изненадено рекол човекот. „Тоа не е возможно. Тој секогаш е следен од голема група луѓе. Каде се неговите ученици?“
„Не знам, но сигурен сум дека тоа беше Буда. Слушнав дека патува сам.“
Гневниот човек почувствувал вина и решил да го најде Буда и да го моли за прошка. Следниот ден го нашол и клекнал пред неговите нозе.
„Прости ми!“ му рекол. „Навистина ми е срам затоа што те навредив. Те молам казни ме за да бидам прочистен од гревот.“
„За што да те казнам?“ мирно го прашал Буда.
„За тоа што те навредив, господару.“
„Кога си го направил тоа?“
„Вчера.“ рекол човекот.
„Јас не знам за вчера.“ рекол Буда. „Јас знам само за денес.“
Најтешката емоција е простувањето
На секој човек најтешко му е да прости. Многу често сме гневни на некого што ни згрешил. Кога го правиме ова, само им даваме сила на бесот, тагата и љубомората. Ги блокираме другите емоции и заглавуваме во лошите. Кога ќе научите да простувате, овие емоции само ќе поминат низ вас. Клучно за простувањето е да покажете сочувство и разбирање за личноста која ви згрешила. И тие, исто како вас, ги блокирале нивните емоции и тоа резултирало со навреда или некоја грешка. Разберете дека ако сте биле на нивно место, сигурно и вие би го направиле истото. Едноставно, простете.
Исто толку важно е и самите да си простувате. Немојте да си бидете гневни поради некоја грешка од минатото. Разберете дека и вие имате историја која ве довела до тој момент и до таа грешка. Простете си.
Погледнете ги и овие цитати од Буда кои нема да ве остават рамнодушни.