Прекинете ја непријатната тишина и лесно започнете разговор со непозната личност

Прекинете ја непријатната тишина и лесно започнете разговор со непозната личност

Дали сте се нашле во ситуација кога треба да одите на одреден состанок и да се претставите? Дали во овие моменти се скаменувате кога ќе погледнете дека има многу непознати лица? Доколку е така, тогаш ние имаме неколку совети за вас коишто ќе ви помогнат да се спријателите со непознатите, каде било и да се наоѓате.

Што да кажете најпрво?

Најлесниот начин да соберете храброст и да започнете разговор со некој е да се претставите себеси. Едноставно, кажете си го своето име и воведете го соговорникот во разговорот.

Набљудувајте

Можете да коментирате за настанот на којшто присуствувате, облеката, стилот и слични работи што мислите дека би биле добро прифатени од страна на вашиот соговорник. Но, внимавајте да не претерувате со пофалбите, а и не користете субјективни зборови коишто не се привлечни за секого. Исто така можете да разговарате и во врска со личностите коишто се наоѓаат на состанокот, а притоа внимавајте да не оставите впечаток на премногу љубопитна личност.

Фокусирајте се на вашиот нов пријател

Не е важно само да започнете разговор, туку и на кој начин ќе го водите истиот. Всушност, фокусот на разговорот треба да го држите две третини на вашиот нов познаник, а една третина на себе. Прашајте го соговорникот на пример каде живее или кои му се омилените активности. Никогаш не се знае, можеби ќе најдете многу заеднички теми. Но и да не делите слични карактеристики, тоа не е правило да се прекине разговорот. Само запаметете дека не треба да направите разговорот да звучи како интервју, туку да има нормален тек.

Разговарајте за училиште или работа

Ова е одлична тема за започнување разговор. Речиси секој прв разговор со непознатите е околу работата или пак училиштето. Но, не фокусирајте се премногу на кариерата, бидејќи многу бргу може да заврши разговорот. Затоа, најдете нешто заедничко и внесете се во вашите дискусии.

Избегнете разговори за тековните настани

Додека некои уживаат да ги раскажуваат најновите случувања, некои луѓе не се чувствуваат удобно при овие разговори. Односно, разговорот може да тргне во погрешна насока доколку изберете одредена чувствителна тема.

Разговарајте за вашите хобија

Доколку започнете разговор во врска со хобијата на вашиот соговорник, можете да отворите големи дискусии. За продолжување на разговорот продолжете со подетални прашања, како на пример „Како започнавте со тоа?“ или пак „Како го правите тоа?“

Значи, наредниот пат кога ќе се најдете во друштво на непознати, само подајте ја вашата рака и претставете се, комбинирајте неколку од нашите совети и со сигурност ќе ја отстраните непријатната тишина којашто може да постои помеѓу двајца непознати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар