Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за добар почеток на разговор

Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за добар почеток на разговор

Дали досега сте се нашле во ситуација да треба да почнете разговор со одредена личност, без разлика дали сте на работа, на забава или во друга ситуација, но меѓу вас да завладее непријатна тишина? Следниот пат имајте ги на ум овие пет реченици со кои можете да го „скршите мразот“ и да оставите добар впечаток кај вашиот соговорник.

1. „О, колку интересно (вметнете парче облека). Каде го купи?“

(1) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговор

Облеката е секогаш добар вовед за почеток на разговор. Прекинете ја непријатната тишина со тоа што на вашиот соговорник ќе му посочите одредено парче од неговата облека или накит. Добро е за почеток да поставите некое прашање поврзано со него или неа, но внимавајте тоа да не биде нешто многу лично. Затоа облеката е совршена тема за почеток на каков било разговор.

2. „Дали ја гледаш (вметнете некоја нова хит серија)?“

(2) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговор

Исто како и облеката, така и прашањето дали тој/таа гледа некоја од популарните серии, може да биде добар вовед во разговор. Веројатноста да одговори потврдно е голема, бидејќи во последно време луѓето сè почесто наоѓаат релаксација во големиот избор серии. Но, и да ви одговори дека не знае за која серија станува збор или дека не ја гледа, секогаш можете да потрошите неколку минути во пријатен разговор околу тоа зошто токму таа серија ви оставила добар впечаток.

3. „Имаш планови за викендот?“

(3) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговор

Или, „Како си помина изминатиот викенд?“, се прашања кои можат да ве воведат во еден подлабок разговор со вашиот соговорник. Тоа, исто како и облеката е поврзано со неговата/нејзината приватна страна, но не е премногу лично прашање. Во зависност од одговорот, можете да го продлабочите разговорот во различни правци. Можеби ќе ви одговори дека сака да плете, да шие, да патува, да готви… Можностите се неограничени.

4. „Кое ти е омилено сирење?“

(4) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговор

Можеби ви звучи чудно, но всушност ова е едно многу логично прашање ако се наоѓате на некоја забава или на настан каде што покрај вас има храна. Од тоа прашање, може да дојдете до многу други интересни теми. На пример тој/таа може да одговори дека е веган или дека не може да поднесе лактоза, замислете колку далеку можете да отидете со разговорот. Исто така, којзнае, можеби тој/таа најдоброто сирење го вкусил/а во Прованса?

5. „Ќе продолжиме…“

(5) Прекинете ја непријатната тишина: 5 реченици за старт на разговор

Доколку почувствувате дека не можете да продолжите со продлабочување на разговорот, без оглед која од горенаведените реченици сте ја употребиле, не грижете се, и за тоа има решение. Наместо да се извинувате дека треба да одите во тоалет и на тој начин веднаш да ставите точка на непријатната ситуација, можете да искористите еден поучтив начин. Можете да речете: „Извинете ме за кратко, ќе продолжиме“. Со тоа ќе оставите позитивен и охрабрувачки, но истовремено и неодреден однос кај вашиот соговорник, со што се ослободувате себеси од повторно враќање кај истата личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар