Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013
Автор: Сања Стојковска
Сааб претпочита да го привлече вниманието и да расплени со раскош, не со дизајнерските форми на колекцијата, туку со везовите и украсите. Па така, за колекцијата есен 2013, тој повторно посвети внимание на тие детали, вклучувајќи камења како рубинот, смарагдот и сафирот.
Преовладуваат црвената, кремастата, сината, темно зелената и бледо розовата боја. Секое парче од оваа колекција носи посебен шарм. Невестинскиот фустан што вообичаено се прикажува на крајот од ревиите, е само дополнување и совршен финиш за една прекрасна изведба на Сааб. Ќе ве оставиме да уживате во фотографиите и самите да го почувствувате гламурот на оваа префинета колекција. Галеријата продолжува на втората страница.