Предупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работите

Предупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работите

Епископот Николај (Велимировиќ) Охридски и Жички бил познат теолог и говорник чии мисли и мудрости го менувале животот на народот и го збогатувале неговото знаење. Кога бил млад тој се разболел од дизентерија и се заколнал дека ќе го посвети животот на Бога, доколку преживее. Преживеал и се замонашил под името Николај.

Предупредувањето на свети Николај Охридски и Жички кое ќе ви го промени погледот кон работите

Тој уште во младоста ги читал делата на големите писатели и филозофи како што се Достоевски, Толстој, Пушкин, Виктор Иго, Шекспир, Волтер, Ниче, Маркс и многу други, така што не е воопшто чудно тоа што неговиот речник и мудрост биле на завидливо ниво. Тој бил генијалец, меѓутоа кога дошол во Охрид доживеал огромна промена. Епископот Николај од интелектуалец се претворил во духовник и светител. Токму во Охрид ги напишал и неговите најубави дела. Тој целосно се посветил на Бог и почнал да ја презира славата, човечките пофалби и премногу накитените зборови. Во Охрид неговата духовност го достигнала највисокото ниво.

Прочитајте го неговото предупредување кое целосно ќе ви го промени погледот кон светот:

„Никогаш не брзајте да проговорите за три работи:

За Бог – сѐ додека не ја утврдите вашата верба во него,

За туѓиот грев – сѐ додека не се сетите на вашиот,

И за утрешниот ден – сѐ додека не започне.“

Со други зборови, епископот Николај советува дека никогаш не треба да се зборува предвреме за нештата, ниту, пак, да се спомнуваат работи во кои не сме сигурни. Овој совет треба да го применуваме секој ден од нашиот живот, за да бидеме поисполнети и да станеме луѓе во вистинска смисла на зборот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар