Предупредувачки знаци: Овие симптоми покажуваат дека е време да посетите кардиолог
Обрнете внимание на симптомите затоа што некои од нив не се безопасни како што изгледаат, па ако ги почувствувате, посетете кардиолог. Еве кои симптоми укажуваат на кардиоваскуларни заболувања и кои фактори го зголемуваат ризикот од нив.
Болка во градите
Болката во градите укажува дека нешто не е во ред и дека треба да направите контрола. Иако срцето не е единствената причина за оваа болка, најдобро е да посетите лекар и да се ослободите од сомнежите.
Болката која е поврзана со срцевите заболувања има и придружни симптоми како што се чувството на тежина и притисок во градите, болка која се проширува на грбот, на вилицата, на рамењата и на рацете. Оваа болка обично трае неколку минути и се повторува неколку пати во краток временски период. Болката е проследена и со кратко дишење, со потење, со вртоглавица и со гадење.
Висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е главен фактор за ризик од срцева слабост. Тој е наречен и тивок убиец затоа што нема симптоми кои сугерираат дека нешто не е во ред со вашиот крвен притисок, освен ако не го измерите. Од овие причини, препорачливо е редовно да го следите нивото на крвниот притисок.
Губење на здивот
Ако ова ви се случува често, тоа може да укажува на аритмија или на коронарни заболувања.
Чад од цигари
Пушачите имаат поголема веројатност да го нарушат здравјето на срцето, па затоа се препорачува редовно да посетуваат лекар.
Висок холестерол
Зголеменото ниво на холестерол покажува дека мрснотиите се наталожиле на крвните артерии, а таквата состојба е многу ризична. Нивото на холестерол можете да го регулирате преку исхраната или во краен случај, со лекови.
Хронично заболување на бубрезите
Ако бубрезите не ви работат правилно, постои ризик од срцеви заболувања.
Некој веќе имал слични болести во семејството
Некои срцеви болести се наследни. Ако некој во семејството веќе имал некое срцево заболување, лекарот може да го утврди степенот на ризик за вас.
Болест на периферните артерии
Периферната артериска болест претставува стеснување на периферните артерии, особено на нозете. Слична е на коронарната артериска болест и често се случува личноста да ги има и двете заболувања. Пушењето, високиот крвен притисок, холестеролот и дијабетесот го зголемуваат ризикот од заболување. Промените во периферните артерии предизвикуваат стеснување, а во краен случај и затнување на артериите.
Намалена физичка активност
За да можат телото и срцето да функционираат правилно, треба да бидете физички активни. Вежбањето носи многу придобивки за целото тело, па затоа се препорачува каква било физичка активност најмалку два пати неделно. Современиот животен стил ја намали оваа активност на минимум, а токму тоа создава огромен ризик од срцеви заболувања.
Вишок килограми
Најопасните килограми се оние акумулирани околу стомакот. Мрснотиите во тој дел укажуваат на тоа дека сите органи се загрозени, а најмногу срцето. За нормално функционирање и за намалување на ризикот од срцеви заболувања, потребна е соодветна и здрава исхрана.
Прочитајте и кои намирници помагаат во спречувањето мозочен удар.