Предноста на сингл девојките којашто многумина ја забораваат

Предноста на сингл девојките којашто многумина ја забораваат

Наоѓањето партнер и вистинска љубов е инспирација за многу филмови и книги. Ако не сте во врска, веројатно постојано ве прашуваат кога ќе најдете момче или девојка, а родителите дури ви зборуваат и за внуци. Покрај сето ова, навистина е тешко да не размислувате за целиот напор што треба да го вложите за да го пронајдете „вистинскиот“.

Предноста на сингл девојките којашто многумина ја забораваат

Но многу истражувања покажале дека жените кои не се во врска се многу посреќни отколку што другите мислат. Едно истражување од Велика Британија од оваа година покажало дека врската за хетеросексуална жена е навистина напорна, најмногу бидејќи покрај еднаквоста на половите што сакаме да ја постигнеме, од жената сепак се очекува да ја преземе одговорноста за повеќето домашни обврски. Па кога жените се сами, тие имаат поголема слобода.

Истото истражување покажало дека на жените полесно им е да ги одржуваат пријателствата за разлика од мажите, што значи дека кога се сингл можат да уживаат во квалитетни пријателски односи и се опкружени со луѓе кои навистина ги сакаат и можат да им помогнат.

Исто така сингл девојките се независни и самостојни, а нивната среќа не зависи од љубовната врска. Жените кои се сингл стануваат посигурни во себе и настојуваат да учат и да созреваат во секоја смисла. Луѓето често го занемаруваат креативниот, интелектуалниот и емоционалниот потенцијал на самотијата.

Се разбира, ова не значи дека луѓето кои се во среќни врски се мизерни во споредба со слободните. Сепак, врската не е она што би требало да влијае на среќата на поединецот. Ако сте несреќни, немојте да мислите дека бракот или врската ќе го променат тоа. Ако сте среќни, немојте да очекувате дека бракот или врската ќе ве направат посреќни. Ако сте сингл и среќни, немојте да мислите дека ќе станете очајни ако се одлучите да останете сами.

Погледнете и зошто понекогаш „сингл животот“ е најдоброто нешто што може да ви се случи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар