Предлог за денес: Колач од карамела
Кремаст и вкусен колач што ќе им се допадне на сите.
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 100 гр шеќер
- 2 лажици вода
- 2 лажици млеко
- 2 лажици масло
- 100 гр брашно
- 2 лажици какао во прав
- 1 прашок за печиво
За филот:
- 800 мл млеко
- 1 ванилин шеќер
- 3 пудинзи од карамела
- 200 гр путер
- 10 лажици шеќер
- 400 мл слатка павлака
- 1 желатин
Начин на подготовката:
Измешајте ги белките, додајте го шеќерот, а потоа жолчките, водата, млекото и маслото. Продолжете со мешање и додајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво. Истурете ја смесата во плех за печење и печете на температура од 200 °С околу 15-20 минути.
Стоплете го млекото и додајте ги пудингот, шеќерот, ванилиниот шеќер и путерот и варете додека не се згусне. Ставете го филот врз изладениот бисквит. Измешајте ги павлаката и желатинот и нанесете ги одозгора. Украсете по желба.
Погледнете ги овие 5 идеи за кроасани-сендвичи што би ги јаделе во кое било време од денот.