Предлог салата за лесна вечера

Предлог салата за лесна вечера

Дали денес е еден од оние денови кога едноставно не сакате да влегувате во кујната? Не грижете се! Тука сме со едно лесно, но вкусно решение за вас. Ако обожавате салати, мора да го проверите овој рецепт!

Потребни состојки:

  • 3 краставици
  • чили (по вкус)
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици мед
  • 1/2 лажичка сос од соја
  • 1/2 лажица оцет
  • свежо нане
  • свеж коријандер
  • печени кикиритки (количината според вкус и избор)

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги краставиците и направете дупки во нив со мало капаче.
  2. Другите состојки (без кикиритките) и внатрешниот дел од краставицата блендирајте ги.
  3. Потоа преливот ставете го врз краставиците и украсете со кикиритки.
  4. Измешајте и сервирајте!

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар