Пред да наполниме 30 години треба да знаеме дека…
За повеќето жени третата декада е најинтересниот период од животот. За да го извлечеме најдоброто од овој период, еве кои 30 работи треба да ги знаеме пред да го прославиме 30-от роденден.
1. Ако тој не се јавува, не значи дека не ја добил пораката.
2. Постои разлика помеѓу љубов и страст.
3. Понекогаш спиењето сама и долгото излежување в кревет е вистинско задоволство.
4. Да започнеме разговор со згоден тип што не го познаваме.
5. Да можеме да се подготвиме за излегување за помалку од 20 минути.
6. Садовите за миење може да почекаат малку (но не вечно).
7. Колку повеќе старееме, времето навистина ни поминува побрзо.
8. Да подготвиме барем едно јадење за кое не е потребна микробранова печка.
9. Вечерањето сама во ресторан може да биде вистинско уживање.
10. Да знаеме како да го смениме маслото во автомобилот или барем да знаеме дека е потребно маслото да биде сменето.
11. Да се обидеме да живееме без кредитна картичка.
12. Да знаеме како да побараме покачување на платата…
13. …И како да одговориме доколку не го добиеме покачувањето.
14. Да го извлечеме најдоброто од годишниот одмор.
15. Да купиме автомобил или да се претплатиме на тарифа за мобилен телефон без да нè „ограбат“.
16. Да се осигураме дека одвојуваме доволно средства на страна за пензионерските денови.
17. Да знаеме кој ни е омилениот пијалак…
18. …Но и да знаеме до каде ни е границата за пиење.
19. Понекогаш нема подобро чувство од чувството кога сме дотерани.
20. Да знаеме да кажеме неколку добри небезобразни шеги.
21. Вистинскиот пријател ќе ни прости ако заборавиме да му го честитаме роденденот.
22. Да знаеме кога треба некој друг да дојде на прво место.
23. Да признаеме дека не се согласуваме со некого или со нешто.
24. Семејниот багаж е премногу тежок за постојано да го носиме со нас.
25. Избегнувањето на штетните сончеви зраци е најдобриот лек против стареење.
26. Некои модни трендови не вреди да се пробаат… никогаш!
27. Или знаете како да носите шишки, или не знаете.
28. Планирањето на времето за самиот живот е обично губење време.
29. Предомислувањето не значи дека сме недоследни, туку дека сме доволно паметни да знаеме дека нашите ставови и мислења се развиваат.
30. Некоја друга секогаш ќе биде поубава, помлада, попаметна и поуспешна од нас. Но, ниедна друга нема да биде тоа што сме ние.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук