Правило од 3 секунди за започнување разговор што ќе ви го промени животот
Колку пати сте имале можност да разговарате со некого, без разлика дали тоа е личност што ви се допаѓа или потенцијален пријател, и на крај не сте направиле ништо? Во овие моменти во вас започнува вистинска битка за тоа што би се случило доколку ѝ прозборите на личноста.
На крај немате никаква самодоверба, и не правите ништо. Подоцна зажалувате зошто не сте преземале ништо. И сето ова бидејќи сте биле загрижени за еден потенцијален негативен исход. Но, што ако се случело нешто добро?
Кога донесуваме одлуки, нашите мозоци не се програмирани да го претпостават најдобриот исход. Наместо тоа контролата ја преземаат нашите инстинкти за преживување и ние почнуваме да ги разгледуваме ризиците од ситуацијата.
Па, како да се ослободите од оваа менталната бариера? Одговорот е едноставен – не донесувајте одлука.
Правило од 3 секунди
За среќа, има начин да го надитрите вашето „несигурно јас“.
- Прва секунда: Погледнете ја личноста во очи.
- Втора секунда: Пријдете ѝ.
- Трета секунда: Започнете разговор (кажете што било).
Тоа е сè. Потребни ви се само 3 секунди. Кога ќе си дадете само 3 секунди, немате доволно време премногу да размислувате за работите. Кога нема никакви ментални пречки или одлуки, на вашиот мозок му е полесно само да делува.
Првите неколку обиди ќе се чувствувате непријатно, особено ако ова е нешто што речиси никогаш не го правите. Но со малку вежбање ќе откриете неколку работи.
1. Како и вие, повеќето луѓе живеат во нивната глава и се загрижени само за себе, па нема да се сеќаваат ако сте се однесувале чудно кога сте почнале да разговарате со нив
2. Полека целосно ќе се ослободите од стравот да разговарате со луѓе бидејќи ќе сфатите дека одбивањето не е толку лошо. Ако некој не е заинтересиран, секогаш можете да продолжите понатаму и да разговарате со некој друг.
Ако на почетокот не знаете што да кажете, секогаш можете да почнете со „Здраво“. Можете и да ја прашате личноста од каде е. Сè е подобро отколку да молчите.
Како што ќе станувате подобри, ќе смислувате покреативни и поинтересни начини да започнете разговор. „Од каде ти е џемперот?“, „Имам иста блуза дома, но тебе ти стои подобро.“ или „Дали си овде за бесплатното пиво?“ се само неколку примери.
Ако имате среќа, ќе создадете нови значајни врски. Ако ништо друго, барем ќе се чувствувате добро бидејќи сте надминале еден од вашите стравови.
Погледнете и како да ги претворите безначајните разговори во интересни.