Правило над сите правила: Како никогаш повеќе да не изгледате лошо во очите на другите?
Дали сте соодветниот кандидат? Дали би биле идеално момче или девојка? Дали сте занимливи за дружење? Сето ова може да се „исчита“ во првите неколку секунди од запознавањето. Секогаш можете да го поправите првиот лош впечаток, но тоа воопшто не е лесно. Па затоа, полесно е да го покажете вашето најдобро лице во текот на запознавањето. Ја погледнавме книгата „Како да ги натерате луѓето да ве сакаат во 90 секунди или помалку“ (How to Make People Like You in 90 Seconds or Less) и решивме да ви пренесеме дел од важните стратегии за воспоставување однос полн со доверба, уште на првото запознавање со некого. Не дозволувајте насловот да ве залаже (90 секунди), бидејќи суштинската размена на информациите (на свесно ниво) се одвива во првите неколку секунди!
Чекор 1: Бидете отворени
Немојте да ги прекрстувате рацете, бидете со отворен ум и став и нека вашето тело го следи тоа. Експертите велат дека дури и јакната треба да биде откопчана, доколку ја носите. Кога се поздравувате со личноста со која се сретнувате за прв пат, наместо неа замислете некоја драга личност која долго не сте ја виделе. Ќе забележите како и вашата мимика се менува.
Чекор 2: Гледањето во очи – правило на сите правила
Зошто ова правило е толку често? Затоа што и покрај тоа што се инсистира на ова, многу луѓе поради срамежливост или од други причини, не ги гледаат другите во очи. А тоа е толку важно, што би требало секојдневно да го правите, па дури и да вежбате. Многу може да помогнат вежбите кои ги изведуваат актерите – која било задача да ја прават, ја прават главно пред огледало. Така не само што стануваат свесни за себе и своите движења, туку можат и полесно да се соочат со другите. И уште еден совет – една неодамнешна студија покажа дека најпожелниот контакт очи во очи трае околу 3 секунди. Ниедно истражување не го пофалило гледањето во очи кое трае подолго од 9 секунди.
Чекор 3: Насмевнувајте се
Во оригинална смисла, ова правило значи „Зрачете“. Но, како можете да зрачите, ако не се насмевнувате? Значи, насмевнувајте се и ќе пренесете порака дека сте искрени. Имајте на ум: Ако ја применувате оваа стратегија на интервју за работа, нека вашата насмевка „испари“ после поздравувањето. Во едно истражување, во кое студентите играле улоги на интервју за работа, заклучиле дека оние кандидати на позициите за новинарски репортер, менаџер и асистент за истражувања, имале помали шанси да ја добијат хипотетичката работа кога се насмевнувале на сред интервју.
Чекор 4: Поздрав кој се памети
После поздравот, секогаш ракувајте се, бидејќи тоа создава позитивен впечаток. Кога личноста со која се запознавате ќе ви го каже своето име, обидете се да го повторите неговото/нејзиното име неколку пати. На пример: „Елена. Мило ми е, Елена!“ Што треба да правите доколку се состанувате со повеќе луѓе и невозможно е да се ракувате со сите нив? Експертите велат дека тогаш најсрдечно ќе се поздравите, без ракување, и ќе се обратите на секого од нив.
Чекор 5: Навалете се малку
Да, да, добро прочитавте. Говорот на телото треба да го следи она што сакате да го постигнете. Наклонетоста и интересирањето спрема другиот, треба да го следи и вашето тело, кое ќе биде малку навалено и свртено кон таа личност.