Правилата се создадени за да се прекршат: Модни правила кои вреди да ги прекршите во 2016-та година
Во 2015-та година видовме многу фантастични, но и помалку необични модни трендови кои ги преминаа границите и предизвикаа бурни реакции во јавноста. Оние трендови пак, кои ги засакавме, во наредната година можеби треба да ги заборавиме. Едни од поглавните модни правила гласеа: „Немојте да носите хоризонтални пруги“, како и „Обидете се секое парче да се сложува“, но колку од нив треба да се почитуваат? Ова е листата на модни правила кои можете да ги прекршите во 2016-та година.
1. „Секогаш кријте ги чорапите“
Во 2016-та година поместете ги границите и гордо комбинирајте впечатливи чорапи со чевли со високи потпетици!
2. „Патиките се исклучиво за спортски варијанти“
Во новата година патиките сè почесто ќе се носат со свечени фустани. Во овој случај, контрастите се привлекуваат!
3. „Кошулите се носат закопчани“
И ова правило треба да го прекршите! Кошулите можат да се носат и како фустани. Врзете ги на необичен начин и претворете ги во фустан или необичен топ.
4. „Секое парче облека треба да се усогласува“
Во новата година, ова правило можете веднаш да го заборавите. Сè е во експериментирањето и поместувањето на модните граници. Бидете едноставни и оригинални. Спојте го неспојливото.
5. „Костимите се само за работни варијанти“
Сакото, панталоните и кошулите повеќе не се резервирани само за канцелариските простории. Сега, костимите можете да ги носите во која било прилика. Комбинирајте ги со впечатливи аксесоари, како што се уникатниот накит или ефективните чанти.
6. „Не треба да носите премногу накит и аксесоари“
Ова правило повеќе не важи! Сега важи правилото: „Што повеќе, толку подобро!“ Комбинирајте што повеќе прстени, ѓердани и обетки, а тие ќе ви помогнат да изгледате многу повпечатливо.
7. „Градникот никогаш не треба да се гледа“
Ова е само уште едно правило кое милион жени со задоволство ќе го прекршат во 2016-та година. Сега градникот ќе може дискретно да се гледа низ облеката, но ВНИМАТЕЛНО, тоа не треба да изгледа вулгарно!