Правила за воспитување деца на кралското семејство што секој родител треба да ги знае

Правила за воспитување деца на кралското семејство што секој родител треба да ги знае

Ако судиме според бајките или часовите по историја, кралските деца спијат на свилени перници, јадат од златни чинии и цел ден се забавуваат. Сепак, има ли вистина во тоа? Ние одлучивме да провериме како растат најпознатите принц и принцеза на светот, Џорџ и Шарлот, децата на војводата и војвотката од Кембриџ. Можете ли да замислите дека тие мораат сами да ги чистат своите соби?

The Duke and Duchess of Cambridge Enjoy Skiing Holiday

Титулата не е причина за водење раскошен живот

Во семејството на војводата и војвотката од Кембриџ, само една дадилка им помага со децата. Сите должности кои се однесуваат на хранењето, капењето и шетањето со децата ги извршуваат родителите. Исто така, Вилијам работи како пилот на хеликоптер за итни медицински случаи и децата се свесни за тоа.

Почитување на работата на другите луѓе

Правнуците на кралицата Елизабета уште во раната доба научиле дека треба да се цени секоја работа, без разлика дали станува збор за нивната мајка која подготвува ручек или за собарката која ја чисти куќата. Поради тоа Џорџ и Шарлот не пребираат храна и мораат да ја соберат расфрлената облека.

Семејството е најважниот приоритет во животот

Уште сега 4-годишниот Џорџ се грижи за својата сестра и војвотката вели дека тие стануваат најдобри пријатели. Иако се мали, тие веќе ја знаат историјата на своето семејство и често го посетуваат гробот на својата баба, принцезата Дијана. Кејт и Вилијам се обидуваат да поминат повеќе време со своите деца. Џорџ, на пример, ужива во разговорите со својот татко, додека Шарлот сака да готви со мама. За време на вечерата, децата седат заедно со возрасните.

Секој има право да ги искаже своите мисли и чувства слободно

За разлика од порано, кога се негувала тајност и затвореност, Кејт и Вилијам активно ја развиваат емотивната интелигенција на своите деца.

„Кога ќе ги видам моите деца како комуницираат со останатите деца во училиштето, сфаќам дека живееме во сосема различно време. Нè заменија генерации кои не се плашат да кажат што ги мачи“, вели принцот Вилијам.

Образованието е на прво место

Читањето книги е омилената активност на принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Кејт често ги води децата на изложби и музеи. Нивниот омилен музеј е Музејот на природната историја во Лондон.

„Децата обожаваат да доаѓаат овде и верувајте ми, тоа не е само заради диносаурусите“, вели таа.

Важно е да се сака спортот

Војводата и војвотката се познати како обожаватели на спортот. Кејт сака хокеј на трева, а Вилијам игра фудбал, кошарка и поло. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот сѐ уште не покажуваат некој посебен интерес за спортот, но родителите се сигурни дека тие ќе тргнат по нивните чекори во иднина.

Добрите манири и почитувањето на бонтонот не зависат од годините

Тие се свесни дека ќе бидат тргнати од јавните настани и места ако се однесуваат лошо и разгалено. Постојат строги правила на однесување, дури и за кралските деца. Ако принцот и принцезата се непослушни, ќе останат дома за време на свечените прилики.

Опуштањето е дозволено во рамките на домот

„Сѐ уште немаат скршено некоја коска, но се обидуваат да го направат тоа. Џорџ трча по домот, ги турка работите и скока. Ве молам, кажете ми дека после некое време работите стануваат полесни“, се шегува Вилијам.

Физичкото казнување е целосно исклучено

Без разлика колку лошо се однесуваат децата, војводата и војвотката од Кембриџ не применуваат физички казни. Родителите имаат сопствени методи со кои влијаат на децата. Ако Џорџ е непослушен, неговата мајка се обидува да му го сврти вниманието, на пример, со гласно пеење.

Таблетите и компјутерите се играчки за возрасни

Џорџ и Шарлот минуваат многу време надвор, возејќи велосипеди и скокајќи по барички. Строго им е забрането користење електронски уреди. Кејт и Вилијам сметаат дека овие направи се наменети за постарите, додека топките, прескокнувањето јаже и играњето надвор се најдобри за развивање на нивната фантазија и интелигенција.

Цртаните филмови се дозволени

Гледањето цртани филмови е дозволено во семејството. Меѓутоа, постои одредено време за тоа. Кралските деца имаат омилени цртани филмови: Шарлот го сака прасето Пепа, а Џорџ го обожава пожарникарот Сем.

Разумно трошење како начин на живот

Кејт и Вилјам се залагаат за разумно трошење. Тоа првенствено се одразува во изборот за купување нови парчиња облека. Често може да се видат Џорџ и Шарлот во облека на своите родители или дури во облека од детството на својот вујко Хари. Ако е потребно да се купи нешто ново, војвотката купува облека од економични брендови, игнорирајќи ги луксузните модели.

Прочитајте ги и овие 10 урнебесни цитати кои докажуваат дека кралското семејство има одлична смисла за хумор!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар