Правила за комуникација: Претворете ја караницата во размена на мислења!

Правила за комуникација: Претворете ја караницата во размена на мислења!

Понекогаш караницата, вистинската бесна караница, со викање, наредби и поставување ултиматуми е единствен начин за да ги канализираме бесот и фрустрацијата, кои сме дозволиле да се насоберат. Но, тоа е само понекогаш. Глупаво е да дозволиме постојано да бидеме толку бесни, да не умееме поразлично да се расправаме и да се соочуваме со ставовите, да изнесуваме барање и да бараме внимание, освен со викање и драма. Некои луѓе веднаш се расправаат, а некои веднаш се навредуваат и ја прекинуваат комуникацијата – механизам на самоодбрана, но многу деструктивен. Сè уште никој на овој начин не успеал навистина да го реши проблемот или пак донел некоја важна одлука. Затоа, за добар однос, партнерски, работен, родителски, пријателски, треба што е можно повеќе да се придржуваме до златните правила на комуникацијата, да разменуваме мислења и да ги согледуваме можните решенија, па дури и да ја разгледаме опцијата дека нечиј став, кој воопшто не ни се допаѓа, можеби е исправен и треба да го прифатиме. Кога на овој начин ќе го промениме нашето мислење, не сме лабилни, туку сме стекнале увид.

1-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_

1. Прилагодете го тонот

Повишувањето на тонот не е опција. Размислувајте за својот глас како за музички инструмент кој треба да се вклопи или јасно да се усклади со композицијата чија импровизација следи. Создавајте музика која не е напорна за слушање.

2. Критикувајте педагошки

Ако сте во позиција да упатите критика, немојте тоа да го правите со осуда. Кажете дека не сте задоволни со резултатот, дека тоа не ви се допаѓа и дека мислите дека таа личност може подобро. Прашајте ја личноста дали ги увидува недостатоците на кои укажувате, подобро отколку да ја терате да ви објасни зошто го направила тоа – ќе ја заобиколите потребата за предавање и ќе ја свртите критиката во правец кон барање на подобро решение или поправање на последиците од лошото решение.

3. Сетете се дека не влегувате во битка во која морате да победите

Кажете си го тоа себеси, потсетете се. Ако енергијата од караницата започнува да ве вовлекува, вдишете длабоко, издишете и кажете си дека ова не е борба до победа, туку прилика за проблемот да се реши. Можеби другата страна е дефанзивна, бидејќи има проблем за кој не зборува, во нешто што можете да ѝ помогнете. Потребно е да ги разберете мотивите на другата личност, за да остварите комуникација, а кога ќе се појави разбирање, бесот се намалува и исчезнува. Онолку колку што караницата е борба, толку е и комуникацијата разоружување.

4. Барајте ја заедничката вистина

Вистината е субјективна и ако секој се држи до својата точка на гледиште, ќе останеме на скарани страни, докажувајќи дека сме во право. Не е важно кој е во право, бидејќи најверојатно секој од својата позиција до некаде е. Важно е што е вистина за нас и за оној другиот и откако ќе сфатиме дека тоа се 2 различни вистини, најважно е да побараме некоја со кој ќе се сложиме, која ќе важи за двата наши различни системи на вредности – а човечките односи изобилуваат со такви вистини, наспроти сите поделби на кои подлегнуваме.

2-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_

5. Зборуваме со различен јазик

Ние се служиме со различни зборови за нешто да изговориме, опишеме, објасниме, и често се случува некој да не нè разбере баш тогаш кога сме се обиделе да бидеме совршено прецизни. Зборувајте во свое име (јас чувствувам, јас мислам, мене ме прави), барајте повратна информација од соговорникот, дали тој ве разбрал и барајте објаснување секој пат кога нешто не ви е јасно. Немојте да мислите дека изговореното мора да подразбира исто значење како во вашиот речник.

6. Препознајте ја проекцијата

Ние ги стартуваме нашите чувства, мисли и осуетените стремежи на соговорникот и тој ги проектира на нас. Научете да ги препознавате тие проекции и да не дозволите да влијаат на вас во текот на комуникацијата.

7. Препуштете ја на својата агресија личноста која е агресивна

Кога комуницирате со агресивна личност, не смеете да ја преземете целата одговорност за комуникацијата, само затоа што таа не е способна за мирен разговор. Ваше е да го дадете својот дел за ненасилна комуникација (мирен тон, пристап без осудување, потрага по заедничката вистина и конструктивни решенија, јасно изнесување на мислење и предлози) и да го препознаете моментот кога треба да излезете од комуникацијата и да го затворите каналот за разбирање и внимание кон агресивната личност.

3-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_

8. Свртете се кон личноста со која разговарате

Ова е енергетска техника, за која не ви е потребен никаков зен, само будно внимание и фокус. Сè што изговарате упатете го право кон суштината на таа личност, во нејзината душа, во нејзината личност, бидејќи на тоа ниво нема погрешни сфаќања. Обраќајте се на соговорникот како да е рамен на вас, создавајќи атмосфера на комуникација на две зрели, свесни личности во потрага за конструктивни решенија.

9. Завршете го разговорот на пријатен начин

Кажете дека ви е драго што сте поразговарале, заблагодарете се на времето и трпението, изразете надеж дека повторно ќе се видите или нешто слично на тоа, примерно за ситуацијата, возраста и положбата на личноста со која го завршувате разговорот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар