Правила за допишување со новото момче

Правила за допишување со новото момче

Автор: Сара Турановиќ

Не сте сигурни што да му напишете на новото момче во пораката? Бидете безгрижни, ние имаме решение. Професорот Даг Хајнс кој предава во лондонската „Школа за привлекувањето“ (School Of Attraction), ни открива што момците навистина сакаат да прочитаат во текстуалната порака.

pravila-za-dopishuvanje-so-novoto-momche-kafepauza.mk

1. Користете пораки за да договорите состанок. Пораките се одлични за договарање состаноци бидејќи во случај да го заборавите датумот и местото треба само да погледнете во телефонот.

2. Јавете му се пред конечниот состанок. Ако само сте се допишувале, можеби ќе се чувствувате малку чудно кога ќе го видите во живо. Искористете брз повик пред да излезете и кажете му дека ќе касните неколку минути. Ова е можност да му го слушнете гласот.

3. Користете порака за да го насмеете. Тој би требало да биде среќен кога ќе добие порака од вас, па затоа „тешките“ теми оставете ги за во живо.

4. Одговорете на пораката кога ќе посакате – заборавете на правилата. Ако сте на вечера со пријателките или пак на состанок, немојте да се прекинувате за да одговорите на пораката. Но ако одмарате на каучот дома во недела немојте да чекате 3 часа за да одговорите само за да изгледа дека сте зафатени.

5. Пратете му порака пред спиење и посакајте му добра ноќ. Праќањето пораки пред спиење ќе ве зближи.

6. Не плашете се да го поканите да излезете. Ако допишувањето се одложи и тој не ви се јавува, не плашете се дека тој не е заинтересиран за вас. Веројатно се труди да изгледа кул и да не излезе дека е очаен по вас. Ако сакате да го видите, кажете му го тоа! Ќе ја цени вашата искреност.

7. Не пишувајте ништо негативно. Ако сте имале лош ден, задржете го тоа за себе. Допишувањето не е место за пренесување лоши вибрации. Пораката би требало да ја насмее другата личност. Ако ви треба поддршка или совет, побарајте ја во живо.

8. Не поминувајте часови анализирајќи ја секоја запирка или бакнеж. Момците обично не кажуваат големи мисли во пораките, затоа не пробувајте да го разберете текстот кој нема скриено значење. Анализирањето само ќе ве изнервира. Фокусирајте се на шегите и договарањето на следниот состанок.

9. Не претерувајте со смајли знаците. Не сакате да изгледате како некоја тинејџерка. Смајли знаците се одлични, но ако пишувате нешто сериозно заборавете на нив.

10. Не прашувајте многу. Со прашањата вршите притисок. Поставувањето тешки прашања заморува. Бидете опуштени и духовити.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар