Правила за дами

Правила за дами

Зборот „дама“ за првпат се појавил пред 300 години и се користел како женски еквивалент на зборот „господин“. Денес овој збор сè поретко се употребува, а како негова замена многу почесто можеме да го слушнеме зборот „госпоѓица“ или „госпоѓа“.

За сите припаднички на „загрозениот“ вид на дамите и за сите оние кои сакаат да станат дел од него, ова се неколку правила кон кои треба да се придржуваат:

Правила за дами

1. Треба да знаеш колку кратко е прекратко, без разлика дали се работи за фризура, фустани или за мажи.

2. Светот е една голема модна писта. Затоа секогаш биди добро облечена и чекори самоуверено.

3. Твојот фустан треба да биде доволно тесен за да покаже дека си жена, но доволно широк за да покаже дека си дама.

4. Однесувај се како да имаш невидлива круна на главата.

5. Шминката не треба да ја прекрие, туку да ја истакне убавината.

6. Три збора кои ниедна дама не смее да ги заборави: мал црн фустан.

7. Постои само едно правило кога се работи за облека, накит, шминка и парфеми: помалку е повеќе!

8. Три броеви кои дамите никогаш не ги откриваат: бројот на години, бројот на килограми и бројот на долната облека.

9. Насмевката е најубавиот дел на твоето тело.

10. Сакај го своето тело! Тоа е единственото кое го имаш.

11. Тајната на убавината е во среќата.

12. Не е важно што мислат другите, сè додека си ти среќна.

13. Не очекувај другите да те сакаат и почитуваат, ако не се сакаш и почитуваш самата себе.

14. Грешките се неизбежни. Научи како да си простуваш себеси.

15. Не задоволувај се со ништо помалку од она што го заслужуваш.

16. Размисли пред да дејствуваш. Заработи пред да потрошиш. Почекај пред да критикуваш. Обиди се пред да се откажеш.

17. Чувај го оној кој ќе направи сè за да те насмее.

18. Убавината го привлекува погледот, но карактерот го заробува срцето.

19. Ако се двоумиш помеѓу две нешта, секогаш избери го второто. Да беше првото доволно добро, второто немаше да биде опција.

20. Не дозволувај грешките од минатото и стравот од иднината да ја расипат убавината на сегашноста.

21. Ако тој те напушти, тогаш тоа е негова загуба, не твоја.

22. Подобро е да бидеш сама, отколку да бидеш изневерена и непочитувана.

23. Ако некој ти каже дека го полудуваш, тоа значи дека правиш нешто или навистина добро или ужасно лошо.

24. Можеш истата грешка да ја направиш по вторпат, но тогаш тоа нема да биде грешка, туку твој личен избор.

25. Успехот е најдобрата одмазда!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Nina Reply

    ова воопшто не се правила за дами. шо би рекол кили-ма немој да ме је*еш бре ! помалку е повеке сигурно не важи за дама, туку за дроља. Дама е жена која што е сигурна во себе а не несигурно дете кое мора да се истакне на било кој друг начин само за да не приметат дека е несигурна. позз

  2. Nina Reply

    Успехот е најдобрата одмазда! -од кога ова е правило за дами?! тоа правило е за секој жив човек. не дај боже маж да прочита-ке се осети ко дама. хаха

    • slave Reply

      ti sigurno ne si dama

      • kala Reply

        haahhaah

  3. Nina Reply

    а ти сигурно си некој што ја води странава чим се осуди без да ме познаваш да го речеш тоа. чудно! како секогаш кога некој има негативен став кон нешто има некој кој ке се осуди да пише навреда !? логично. странава ја водат или деца или некои пристрасни личности кои не можат место да се мотивираат да се подобри, тие мораат вакви некултурни навреди да пишуваат. баш ке се запрашам дали ке отворам уште еднаш на кафе пауза. срамотилаци. пораснете!

  4. Demonic Reply

    „Постои само едно правило кога се работи за облека, накит, шминка и парфеми: помалку е повеќе!“

    Како тоа…помалку облека на себе е дамско? Овие правила повеќе би важеле за некоја 16 годишна џеј-би-ти шмизла одколку за вистинска дама.

    Дами и каваљери скоро и да не постојат повеќе. Болната склоност за рамноправност ги избриша половите бариери.

  5. Ema Reply

    Sekoja cest za statijava!
    you make my day:)

  6. julijana Reply

    se bukvalno ne treba da se sfaka….sepak ima poucni raboti vo ovoj tekst….ne postoi apsolutna vistina ni vo mislite na mudrecite a ne vo eden obid da se vrati poimot dama na scenata:)rellax people

  7. SLAVICA Reply

    Statijava e dobra ima dosta poucni raboti ,no bitno e koj i kolku se pronaga vo ova .Za da bides dama ne e vazno samo oblekuvanjeto i sminkata ,dama ne se stanuva so toa , karakterot i odnesuvanjeto na samata zena vo sekoj segment od zivotot ja pravat dama.Vo dalecnoto minato zenite se skoluvale za toa kako treba da izgleda i da bide edna dama.Za zal ovaa vrsta vo denesno vreme e vo izumiranje .

  8. A Reply

    Сите ,,дами” паднавте на една реченица! Тајната е во метафората иако зборот е правилно преведен. За облеката се мисли на ШТО ПОМАЛЦЕ парчиња на себе или едноставен избор на облека без одделни раква, појаси, болера, наметки и слично, се мисли да не се претера со додатоците а за должината никој не ви спомна, како што е наведено горе, мал црн фустан е едно парче кое секогаш изгледа гламурозно.

Остави коментар